MSNBC: „Тројански коњ“ во американскиот хокеј - тајното оружје на Путин

Руската „интервенција“ веќе не е само политичка, туку е присутна и во хокеарска живот на САД, изјави со иронија водителот на MSNBC Чак Тод.

Според него за поразот над „Вашингтон Кепитлс“ (Washington Capitals) во натпреварот против „Питсбург пингвинс“ (Pittsburgh Penguins) е виновен „Тројанскиот коњ“ Александар Овечкин, кој постојано беше забележан во друштво на Владимир Путин, пишува Ино.TV.

„Денес ме измачуваше мислата за големи интервенција на Русија во работата на нашите сакани државни институции. Да почнеме со очигледното: обидите на Русија да влијае на исходот од претседателските избори во 2016 година - лажни вести, хакерски напади на електронските пошти, Викиликс. Кој , според податоците, стои зад овие операции? Еве овој човек: Владимир Путин, претседател на Руската Федерација и поранешен службеник на КГБ“, изјави Тод.

„Но, руската кампања против Вашингтон не се ограничува со тоа. Вчера хокеарска тим „Вашингтон Кепитлс“ повторно загуби во плеј-офот на купот Стенли. Повторно против „Питсбургс пингвинс“. Повторно во седмата минута. Повторно во второто полувреме. Конечниот резултат 2: 0 не е во корист на „Вашингтон“. Кој стои зад оваа операција? Еве овој човек: Александар Овечкин, ѕвездата на „Кепитлс“, кој е виновен за вториот погодок на „Пингвините“. И така како тројански коњ, ако не го измислил тој ... или е подобро да го наречеме троцистички коњ?“, продолжи со конспиративните теории телевизискиот водител.

„Знам што мислите. Тод ова го извади од ракав. Тој е уверен во теориите на заговор, како и сите други. Но, што ќе кажете за ова: кој е вториот од лево (на фотографијата од видеото - заб. ред.)? Владимир Путин. А, кој стои и се насмевнува до него? Александар Овечкин. И што прават тие? Ја прославуваат победата на Русија во хокеј. Да, токму победата на Русија во хокеј. Ова е од 2014 година. А, еве ги повторно заедно - во 2012 година. Каков убавец (Овечкин - заб. ред.) без преден заб. Еве ги повторно заедно - ова е од 2007 година“, продолжи водителот.

„Зошто Владимир Путин не облече хокеарска дрес и не поигра сам? И сега сите се обидуваат да ме убедат дека нема никаков руски заговор против Вашингтон. Тој го има направено сето тоа. Заговорот е пред твоите очи. Моето сочувство кон навивачите на „Кепитлс“. Ќе се вратиме набргу“, го заврши својот коментар Тод.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња