Во маратонот во крос-кантри Русите го освоија целиот пиедестал. Извор: Ројтерс
Биатлон
Пред самиот крај на олимписките игри руските биатлонисти, на крајот, дочекаа победа во овој вид спорт. Машката репрезентација, во која влегоа Алексеј Волков, Евгениј Устјугов, Дмитриј Малишко и Антон Шипулин, го освоија златниот медал во штафета. Финишната етапа на трката ја истрча Антон Шипулин, и токму неговата заложба ѝ ја донесе на руската репрезентацијата големата победа, која ја донесе репрезентацијата на првото место. Втора финишираше репрезентацијата на Германија, која заостана зад Русија за 3.5 секунди. Трети финишната линија ја преминаа спортистите од Австрија.
Златниот резултат во машката штафета беше особено симболичен, ако се земе предвид фактот дека последен пат репрезентацијата во машка штафета победи на Олимписките игри во Калгари во 1988 година.
„Какви можат да бидат емоциите освен позитивни? По толку долго време ја обновивме традицијата за победа во штафета, - забележува Евгениј Устјугов во интервју за агенцијата Р-Спорт, - Искрено да кажам, имам некое чувство на празнина. Тоа е зашто некако сè заврши, победивме и среќни сме, но, без разлика на тоа, поминаа 20 многу тешки дена. И дури сега почнавме да се полниме со енергија за идни стартови“.
Лизгање
Руското три Ољга Граф, Екатерина Шихова, Јулија Скокова ја освои бронзата во женската екипна трка. Иако во полуфиналето изгубија од полските спортистки, Русинките успеаја да станат победнички во утешното финале, во кои беа побрзи од Јапонките за 2.84 секунди.
Златниот медал во оваа дисциплина за првпат во историјата ја освоија холандските спортистки, кои во финалето поставија и олимписки рекорд.
Сноуборд
Своето второ злато на Олимпијадата во Сочи во сабота го освои и Американецот со руски пасош Вик Вајлд. Откако стана двократен шампион на Олимпијадата, спортистот постави нов рекорд – пред него во целата историја на сноубордот никој уште не успеал да добие две највисоки награди на една Олимпијада. Втор во паралелен слалом беше Словенецот Жан Кошир, а бронзата ја освои австрискиот спортист Бенџамин Карл.
Во неделата во Сочи беа доделени само четири комплети награди, а на руската репрезентација ѝ припаднаа две злата.
Крос-кантри
Неделата за руската репрезентација беше триумфална. Во маратонот во крос-кантри Русите го освоија целиот пиедестал: златото му припадна на Александар Легков, среброто на Максим Вилегжанин, а бронзата отиде во рацете на Иљја Черноусов.
Русите дадоа на знаење дека ќе ги освојат лидерските позиции веќе во почетокот на втората половина од 50-километарската патека. Но, најефективен момент на маратонот беше, секако, финишот. Александар Легков, Максим Вилегжанин и Иљја Черноусов избија напред. Единствен конкурент на Русите тоа време беше Норвежанецот Мартин Јонсруд Сундбју, кој ги следеше во последните 150-200 метри од патеката. На крајот Сундбју изгуби од Иљја Черноусов за 0.2 секунди.
„Немавме некаква екипна тактика, таа се појави на финишот. Во тој момент мислев само на себе, не гледав никого околу себе? Крал на скиите? Мислам дека засега не сум, сепак ја изгубив трката на 30 километри! Не можев да си претставам да бидам втор или трет по вчерашната победа на биатлонистите. Цела ноќ ги сонував Шипулин и Малишко со своите златни медали“, вака ја прокоментира својата победа Александар Легков.
Боб
По победата на репрезентацијата на Александар Зубков и Алексеј Воевода во натпреварот во боб-санка за двојки, руските навивачи сметаа на успешно продолжување и во првенството за четворки. И Зубков и Со не ги скршија очекувањата. Прекрасната четворка на Александар Зубков ѝ го донесе на руската репрезентација 13 медал и ја зајакна и онака јасната обеда на Русија во вкупниот пласман. Среброто во оваа дисциплина го освои репрезентацијата на Оскар Мелбардис од Латвија, а бронзениот медал го освоија спортистите од САД, предводени од Стивен Холкомб.
„Треба да ги надминуваме сите ситуации, - изјави Александар Зубков во интервју за порталот Championat.com. – Латвијците на почетокот беа прекрасни, но она што јас го направив, покажа дека ние сме најдобри. Денес конкуренцијата беше многу појака, одошто во двојките. Тука спортистите покажуваат многу подобри резултати, па нам ни беше јасно дека секое пуштање ќе има големо влијание на крајниот резултат. Се обидувавме да направиме сè што е во наша моќ при секој обид“.
39-годишниот спортист кој беше знаменосец на репрезентацијата на Русија на церемонијата на отворањето, исто така ни ги кажа своите планови за иднината: Ќе ја продолжам ли спортската кариера? Засега сакам да се одморам и да соберам сили. Никому не сум кажал дека сакам да завршам со спортската кариера. Ако сме здрави, ја продолжуваме кариерата во спортот“.
Уште една руска екипа на чело со Александар Касјанов го зазеде четвртото место. Екипата на Никита Захаров заврши на 15 место.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче