Волонтер пред Олимпискиот стадион во Сочи. Извор: Михаил Мордасов
Да, првите неколку дена сите се потсмеваа на недоизградената состојба на хотелите, на запечатувањето на автобусите во така наречените „чисти зони“, за да не поминувате дополнителен безбедносен преглед, и други измислици на организацијата. Но, сега, кога сите се навикнаа на тоа што претходно ги зачудуваше, сè е поинаку.
Оние волонтери и соработници кои тешко се справуваат на странски јазик имаат свои методи за работа со странци.
Имаш малку чудно чувство на осаменост кога во три и пол наутро ќе заглавиш на автобуска станица со толпа странски новинари, зашто претходниот автобус заминал пред пет минути, а следниот ќе дојде дури по еден час. Вие не сте на различни страни на барикадите, вие не сте спротивставена група луѓе: претставници на организацијата и оние кои доаѓаат да раскажуваат за нашата работа и за сите наши утки; вие сте едноставно куп изморени луѓе, кои многу сакаат да паднат во својот кревет колку што е можно поскоро. И оваа заедничка цел создава простор за тимска работа: заеднички шеги, кои овозможуваат чекањето да стане попријатно, заедничка опсада на штабот на транспортните волонтери со цел да се натераат да повикаат автобус, колективна помош... Еден фотограф, на пример, го извади објективот со максимално зголемување, излезе на патот и почна да го употребува како бинокл, и почна да гледа во нужниот број на автобусот меѓу оние што поминуваат, за прв да може да ја објави среќната вест. Во такви моменти сфаќаш дека сите овие разговори за заедништво и за дружба како придобивка од Олимписките игри, сосема не се празни зборови.
Дури и јазичната бариера не станува некаков глобален проблем. Секако, Русите го носат епитетот на нација која не зборува англиски, а во врска со тоа странските гости на Олимписките игри си раскажуваат еден на друг стории од типот: “Вчера се изгубив на Краснаја Полјана, и само претстави си, се наоѓаш во руски град, а наоколу никој не зборува англиски“, и тоа како заплашувачки приказни за пред спиење. Оние волонтери и соработници кои тешко се справуваат на странски јазик имаат свои методи за работа со странци. Од некаква си причина тие сметаат дека ако ја повторат информацијата што треба да му биде пренесена на член од некоја делегација или на некој претставник од медиумите, мошне јасно и мошне бавно, мошне гласно, со широки гестови, но на руски, тогаш јазичната бариера ќе биде скршена. И така гледаш некој од своите колеги како му објаснува на некој Норвежанец или на некој Швеѓанец, дека, демек, „авто-бус-от број де-сет“ (покажува десет прсти на раката) „ќе дој-де“ (покажува со прстот на земја) „за пет ми-ну-ти“ (покажува на часовникот и ги исправа петте прсти на раката). Што е најсмешно овој систем на знаци и гестови понекогаш дури и функционира, иако отстрана повеќе се чини на вербален напад. Тоа се лингвистички чудеса, ништо друго.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче