Аделина Сотникова и нејзината сказна на мраз

Аделина Сотникова, нов олимписки шампион. Извор: AP

Аделина Сотникова, нов олимписки шампион. Извор: AP

Уште еден ден на Олимписките игри за Русија помина тивко и мирно, без медали. Сепак, вечерта руските навивачи ги чекаше прекрасен подарок: во женското уметничко лизгање во сериозна конкуренција најдобра беше 17-годишната Аделина Сотникова.

Уметничко лизгање 

Во борбата за олимпиското злато во уметничко лизгање на 20 февруари се натпреваруваа припадничките на понежниот пол. Убава победа извојува 17-годишната руска спортистка Аделина Сотникова. Аделина освои 5.5 поени повеќе од фаворитката – Корејката Ким Ју-На. Корејката го зазеде второто место откако ја заврши слободната програма без ниту една грешка, но судиите откако ја разгледаа сложеноста на програмата на двете претендентки за првото место, а исто така и нивната артистичност, тие донесоа одлука победата да отиде во рацете на Русинката. Бронзата во уметничко лизгање ѝ припадна на италијанската спортистка Каролина Костнер. Иако стана сензација на Олимпијадата во Сочи во двојки, младата Јулија Липницкаја во поединечното натпреварување не успеа да се справи со тремата и имаше низа грешки. Како резултат на тоа, таа се најде на петтото место. 

„Целата сезона не беше лесна, се борев самата со себе. Имаше моменти кога не знаев што да правам. Изгледаше како сè да е во ред, ама не е испеглано. Но, успеав да се изборам со себе и да се справам со сè. Не успеав да настапам во натпреварите во двојки, па затоа многу сакав да освојам медал во поединечното натпреварување. Мојата прва мечта беше да се најдам на Олимпијадата, а втората да победам. И двете мечти ми се исполнија, а тоа е чувство што не може да се опише“, изјави Сотникова за спортскиот портал championat.com. „Многу долго тежнеев кон ова. Без разлика што имам 17 години, мојата мечта да настапам на Олимпијада се исполни. Сега сум во шок. За време на објавувањето на оценките на Ју-На имав повеќе трема одошто за време на настапот“, вели Сотникова. 

Златниот медал во женско уметничко лизгање е прв во историјата на рускиот спорт. 

Слободно скијање 

Рускиот спортист во слободно скијање Егор Коротков не влезе во финалето на олимписките натпревари во ски-крос. Спортистот според резултатите од претходната етапа беше петти. Русинот до последно се бореше за медал. 

Својот настап Егор Коротков го прокоментира: Ова е мојот најдобар резултат во кариерата на Олимпијадите и во светските шампионати. Но, ова не е тој резултат со кој во моментов можам да бидам задоволен. Можеби подоцна ќе сфатам дека настапив добро. А, можеби не сум достоен за олимписки медал.

Во оваа олимписка дисциплина целиот пиедестал го пополнија француските претставници. Победата ја однесе Жан-Фредерик Шапои. Среброто му припадна на Арно Боволента, а трет беше Џонатан Мидол. 

Нордиска комбинација 

Тимските натпревари во нордиска комбинација за руската репрезентација се покажаа крајно неуспешни: таа стана последна од деветте репрезентации кои го започнаа турнирот. 

Егениј Климов, Нијаз Набеев, Ернест Јахин и Иван Панин задоцнија зад победниците за пет и пол минути, додека Италијанците кои финишираа претпоследни стасаа две и пол минути пред Русите. 

Златото во оваа дисциплина го зедоа норвешките спортисти Магнис Моан, Хорвард Клеметсен, Магнус Крог и Јорген Граабак. Второто место го зазедоа Германците, кои до самиот финиш се бореа за правото да станат победници. Бронзените медали отидоа кај Австријците.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња