Вик Вајлд: Премногу е убаво за да биде вистинито. Да се освои медал заедно со Аљона, може да се види само на сон. Извор: Алексеј Маљгавко / РИА Новости
Сноуборд
Руската сноубордистка Аљона Заварзина заврши трета во натпреварите во паралелен велеслалом. Златото го освои претставничката на Швајцарија Патриција Кимер. По два обида за третото место Заварзина беше пред австриската сноубордистка Ина Мешик. „Не можев да заминам без медал, штета што не е злато, извинете направив сè што можев!“, рече Заварзина во интервју за телевизискиот канал Русија-2.
Буквално по неколку минути го заврши натпреварувањето во финалето во истата дисциплина сопругот на Заварзина – Вик Вајлд, Американец, кој сега настапува за Русија. Неговиот настап беше најдобар, така што Русите сега имаат еден златен медал повеќе. Потоа во интервју за порталот championat.com Вајлд изјави дека е среќен за себе и за својата сопруга. „Премногу е убаво за да биде вистинито. Да се освои медал заедно со Аљона, може да се види само на сон. Сега сум многу среќен. Се чувствувам неверојатно. Дури и ми е тешко да најдам зборови. Ова е неверојатен ден. Многу му имам дадено на спортот од мојата седма година кога почнав да се занимавам со него“.
Скијачко трчање
Во среда во Сочи спортистите во скијачко трчање се натпреваруваа во двојки во спринт во класичен стил. Руската женска репрезентација, составена од Анастасија Доценко и Џулија Иванова, беа од оние кои влегоа во финалето според времето (тие го освоија третото место). Најдобри во квалификациите беа Финките. Во машкото полуфинале успех кај тандемите имаа Никита Крјуков и Максим Вилегжанин, кои директно влегоа во финалните натпревари.
На крајот женската репрезентација на Русија заврши шеста. Пиедесталот во целост го зазедоа Скандинавките, каде се искачија репрезентациите од Норвешка, Финска и Шведска.
Мажите имаа повеќе среќа, тие на Русија ѝ донесоа сребро. Впрочем Крјуков и Вилегжанин сметаа на победа. „Првото чувство што го имав по финишот беше разочарување. Можев да победам“, изјави по натпреварот Крјуков.
Уметничко лизгање
Измешани чувства им остави на руските навивачи настапот на руските лизгачи во кратката програма. Јулија Липницкаја стана петта по падот. Аделина Сотникова го зазеде второто место. Одлично исполнувајќи ја каскадата, пируетата и поврзувачкиот елемент, Липницкаја згреши на тројниот флип. „Ќе се борам. Оценките не се толку ниски колку што мислев“, изјави Липницкаја по настапот за весникот „Советски спорт“.
Првото место со 74.92 поени го освои Корејката Ен А Ким. Сотникова заостана зад лидерот за 0.28 поени, што ѝ дава шанса за победа според крајниот резултат. Тројката ја затвора Италијанката Каролина Костнер. Медалите во поединечна категорија за жени ќе бидат доделени на 20 февруари.
Биатлон
Во мешана штафета руската репрезентација во состав Ољга Зајцева, Ољга Вилухина, Егениј Гараничев и Антон Шипулин не успеаја да влезат во тројката најсилни. На нивната сметка се запишани девет грешки. Златото го однесе репрезентацијата на Норвешка, среброто отиде во Чешка, а бронзата ја добија Италијанците. „Не, кај нас сè е во ред, но смената на поколенија се покажува. Не треба да седиме со скрстени раце. Не треба никого да обвинуваме сега. Напротив, треба да се поддржуваме. Им благодарам на навивачите на трибините и на трасата, кои многу добро нè поддржуваат“, вака ги прокоментира резултатите од натпреварот Зајцева во интервју за Газета.ру.
Брзо лизгање
Во женската конкуренција на 5.000 метри најдобра беше Чехинката Мартина Сабликова. Нејзиното време беше 6:51.54. Холанѓанките Ирен Вист и Карин Клејбекер го освоија второто, односно третото место. Еден чекор од пиедесталот остана Русинката Ољга Граф, зад лидерот таа заостана 4.23 секунди. Уште една Русинка, Ана Чернова, се најде на деветтото место. Сепак, Граф успеа да постави нов рекорд за Русија. „Сега во глава ми е оние 12 стотинки кои ме одделија од пиедесталот“, изјави за порталот Sportbox спортистката.
Хокеј
Најголемо разочарување на денот за руските навивачи беше поразот на хокејската репрезентација во мечот со Финска, кој заврши со резултат 3-1. Единствениот руски погодок го даде Иљја Коваљчук. Руската репрезентација заминува од натпреварувањата. „Секако дека не сметавме на ваков резултат. Но, знаевме дека Финците се добри, добро лизгаат, добро се бранат“, - изјави за весникот Metro Павел Дацјук. „Не би сакал да правам заклучоци со жешка глава, да објаснувам нешто и да судам. Сега чувствувам опустошеност. Не е едноставно да се соочам со тоа“, - изјави по мечот голкиперот на руската репрезентација Сергеј Бобровски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче