Русинот Николај Ољунин ѝ ја донесе на Русија првата награда во машки сноуборд историјата на Олимписките игри. Извор: Ројтерс
Хокеј
Во вторникот руските хокеари добија можност да учествуваат во четвртина финалето на хокејскиот турнир на Олимписките игри. Според резултатот на групната етапа репрезентацијата на Русија не можеше да добие право автоматски да продолжи во следната серија на плеј-офот: за да влезат во осумте најдобри Русите мораа уште еднаш да излезат на мраз и да се борат со репрезентацијата на Норвешка.
Мечот помеѓу репрезентациите на Русија и на Норвешка се одвиваше во дворецот на мраз „Бољшој“. Со помош на огромната поддршка на навивачите Русите успеаја да победат со резултат 4:0.
Херој на средбата стана напаѓачот на московскиот ЦСКА Александар Радулов со два погодока. По еден погодок имаа и Иљја Коваљчук и Алексеј Терешченко.
Во четвртина финалето Русија ќе се сретне со репрезентацијата на Финска. Победникот од оваа етапа во финалето ќе го пречекаат Словенија или Швајцарија, кои исто така треба да се борат за правото на еден чекор да се приближат кон финалето.
Своите впечатоци од натпреварот ги искажа напаѓачот на репрезентацијата на Русија Иљја Коваљчук: „Мислам дека на Норвежаните не им дозволивме многу. И тоа е добар знак. Сега имаме помалку од 24 часа за да се подготвиме за следната игра. Финска има многу добра репрезентација. Тие имаат одличен голман и ние треба да ги најдеме неговите слаби места, доколку сакаме да одиме понатаму. Мислам дека репрезентацијата на Русија добива со секоја игра. Дури и во мечот со Словаците имавме многу шанси за гол и изгледавме достоинствено“.
Во исто време, женската репрезентација во Хокеј го напушта олимпискиот турнир. Мечот за 5 место против репрезентацијата на Финска заврши со пораз на руските репрезентативки. На крајот од првата третина од мечот финските напаѓачи успеаја двапати да го преминат голот на руската репрезентација. Сите обиди на Русинките да ја изменат ситуацијата не вродија со плод. Крајниот резултат на средбата е 4:0 во полза на Финска.
Сноуборд крос
Русинот Николај Ољунин ѝ ја донесе на Русија првата награда во машки сноуборд историјата на Олимписките игри. 22-годишниот сибирјанин го освои сребрениот медал во финалниот спуст во сноуборд крос. Во претходните етапи Николај Ољунин трипати ја зазеде лидерската позиција. „Можно е дека ќе ви се причинам самоуверен, но по првите два спуста се појави претчувство дека сè ќе биде во ред. Јас поверував во себе“, изјави Ољунин по финишот во интервју за спортскиот портал championat.com.
Да потсетиме дека квалификацијата во оваа дисциплина беше двапати откажана поради презакажувањето на натпреварот од понеделник за 18 февруари поради лошите временски услови. Како резултат на тоа борбата за медалите започна од осмина финалето.
Победата во финалето во сноуборд крос ја однесе францускиот спортист Пјер Волтје, додека Американецот Александар Дејболд го освои третото место.
Шорт-трек
Не многу успешна за руската репрезентација излезе штафетата во шорт-трек (3.000 метри). Руската четворка во состав Ољга Бељкова, Татјана Бородулина, Софија Просвирнова и Валерија Резник заврши четврта со време од 4.14,862. На девојките им недостасуваше помалку од една секунда за да заземат место на пиедесталот.
„Четврто место на Олимписките игри за нашата женска репрезентација претставува голем чекор напред. Засега тоа е навистина нашето место. Ќе се обидеме тоа да го измениме по еден месец на светскиот шампионат“, вака ја коментираше ситуацијата Татјана Бородулина.
Златото во шорт-трек го освоија претставничките на Јужна Кореја. Зад нив финишираа спортистките од Канада, кои го освоија среброто. Бронзените медали им припаднаа на Италијанките, кои на финишот стигнаа со резултат од 4.14,014. Кинеската репрезентација беше дисквалификувана.
Велеслалом
Светски познатата виолинистка Ванеса Меј на 18 февруари зеде учество во натпреварите на велеслалом. На Олимпијадата во Сочи 35-годишната спортистка ја претставуваше репрезентацијата на Тајланд.
Според резултатите од првиот спуст Ванеса Меј ја зазеде последната позиција. За време на вториот обид спортистката успеа да се качи за неколку места, па по него финишираше на 67 позиција.
Спортистката изјави дека главната цел од нејзиното учество на Олимпијада е убаво да си помине, да ги усоврши спортските способности и да се занимава со хуманитарна работа за заштита на животните.
„Ми беше јасно дека ќе го заземам последното место по првиот обид, но, знаете, ова е Олимпијада, ова е одлична можност за да се проверуваш себеси“, изјави Ванеса Меј по првата етапа на олимписките натпревари во скијањето.
Победата во велеслалом ја однесе словенечката скијачка Тина Мазе. Среброто ѝ припадна на Австријката Ана Фенингер, а бронзата на Германката Викторија Ребензбург.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче