Саркози: Судбината на Русија е да биде голема светска сила

Судбината на Русија е да биде голема светска сила, која ќе има соодветна глобална одговорност, а не регионална држава, изјави поранешниот француски претседател Никола Саркози.

Поранешниот француски претседател Никола Саркози во текот на посетата на Москва изјави дека судбината на Русија е да биде голема светска сила, која мора да има соодветна „глобална одговорност”, пренесува „Взгљад”.

„Никогаш не сум бил од оние кои се плашеа од враќањето на Русија на меѓународната сцена, затоа што отсекогаш сметав дека судбината на Русија е да биде голема светска сила, а не регионална држава”, рече Саркози.

„Меѓутоа, кога сте голема светска сила, неопходно е да сносите глобална одговорност. Да се биде голема светска сила е многу посериозна улога отколку да се биде регионална држава”, истакна поранешниот француски лидер.

Тој нагласи дека без учеството на Моксва е невозможно да се одговори на предизвиците и акутната криза во светот. „Оние кои ја заборавија фундаменталната улога на Русија направија грешка. Франција не направи таква грешка“, рече Саркози, додавајќи дека тој секогаш ќе биде вистински пријател на Русија.

Тој нагласи дека изолацијата на Русија нема смисла, затоа што нема да има нова студена војна. Европа, според неговото мислење, треба да воспостави дијалог со Москва.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња