Волонтерски записи: Олимпискиот „екватор“

Извор: Михаил Мордасов

Извор: Михаил Мордасов

Една од најдобрите работи што ја даваат Олимписките игри е безграничната можност за комуникација. Наоколу постојано има интересни луѓе од сите страни на светот со кои може да се позборува, да се дознае нешто интересно, да се поткаже нешто или да се помогне на кој и да е начин.

На средината на Олимпијадата веќе престануваш да се чудиш кога на автобуска станица ќе сретнеш, да кажеме, познат новинар од некој централен телевизиски канал, кој со задоволство разговара со луѓето околу него, или омилениот спортски фотограф, на чии работи се восхитуваш долги години. 

Дури и оние кои не знаат странски јазик (за жал, без разлика на барањето да се познава барем основен англиски, а исто така и бесплатните курсеви по странски јазик кои беше можно да се посетуваат во текот на целата година, огромно количество волонтери не се способни да поврзат три збора на англиски), сепак некако се снаоѓаат да ги разберат и да бидат полезни за нашите гости од странство. Знаковиот јазик, смеса од сите јазици што се знаат и широката насмевка прават чуда. 

Волонтерски записи: Работа преку глава
Натпреварите започнаа, а на некои објекти веќе беа доделени и првите комплети медали.

За возврат за нивната љубезност волонтерите од членовите на делегациите и од новинарите добиваат сувенир кој станува своевидна валута на Олимписките игри: беџови. По настаните од минатата недела лентите за акредитации на поголемиот дел од нас се покриени со беџови од разни земји и од разни организации. Со нив се менуваат, обидувајќи се да најдат поретки и поценети примероци, се фалат со нив („Гледај, гледај што имам, официјален беџ на Меѓународната федерација на скијачи!“), со нив едноставно се гордеат, ненамерно ја ставаат лентата со акредитацијата за сите да можат да ја видат. Доколку во првите денови најпопуларно прашање беше „Од каде си?“, сега најчесто се слуша „Уау! Од каде ти е овој беџ? Сакаш да се менуваме?“. Менувањето со беџови е стара традиција, без која не минале ниту едни Олимписки игри. И кај нас, во Сочи, овој обичај ја нема изгубено својата актуелност. 

Секако дека некои од нашите колеги до крај не ги имаат утврдени баналните правила на однесување. Најважен закон: не пречи му на оној што работи. На еден од тренинзите што се одржуваа пред Олимписките игри нашиот координатор даде мошне точна формулација: Без лични односи во микс-зоната. Се чини дека тоа е логично, разбирливо и дека може да се објасни, зашто зоната каде што се одржуваат натпреварите, како и дополнителните територии се светиња за Олимписките игри, место каде се исполнуваат мечтите и се уриваат судбините, и да се прекинуваат спортистите од потребното однесување е последна работа што е потребна. Сепак, практиката покажува дека е тешко да се воздржиш од нарушувањето на правилото. 

Кон средината на Олимписките игри се појавија и првите приказни за луѓе на кои им биле одземени акредитациите поради некакви нарушувања. Главен повод за некој да се врати дома порано одошто треба е мешањето на работата и личните чувства кон она што се случува. На скијачко-биатлонскиот комплекс „Лаура“ еден спортист, ѕвезда од светски ранг, им се пожалил на организаторите дека волонтерите не му даваат да помине, постојано го молеле за автограм и за заеднички фотографии директно на местата на кои се одржуваат натпреварите. Резултат: неколкумина отидоа да го заменат билетите за денес и да си ги спакуваат куферите. 

Ако ова се случува на биатлон, страшно е да се помисли што се случува на хокеј – иако, како што вели еден стих од една позната руска песна „плашливецот не игра хокеј“, тогаш би требало и волонтерите кои ги зеле таму да имаат железна волја. Кој знае!

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња