Србија ќе продолжи со антисанкциската политика во однос на Русија

Србија остана една од малкуте европски земји која не воведе санкции против Русија и нема да воведува во иднина, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ по разговорите со рускиот премиер Дмитриј Медведев во Москва.

„Во изминатиот период во текот на периодот што не беше лесен за Русија сметаме дека го покажавме и докажавме нашиот искрен и пријателски однос кон Русија со тоа што останавме една од малкуте европски земји која и покрај многубројните барања од цел свет не воведе никакви санкции против Русија. Србија ќе продолжи да води таква политика и во иднина“, ги цитира зборовите на српскиот премиер РИА „Новости“.  

Тој исто така изјави дека Србија ќе ги врати долговите спрема Русија и „Гаспром“ во дадените рокови или пред рокот, што „јасно го покажува подобрувањето во српскиот буџет и желбата за изградба на односите со Русија на чиста и одговорна основа“, пренесува ТАСС.  

Вучиќ соопшти и дека Србија и Русија дискутирале за потпишување договор меѓу Белград и „Гаспром“ за проширување на складот за гас „Банатски двор“ на 1 милијарда кубни метри.

„Србија ќе остане пријател на Русија, но на рационална основа“, додаде Вучиќ.

Од своја страна рускиот премиер Медведев изјави дека разговорите меѓу Русија и Србија биле успешни и дека се карактеризираат со пријателство и перспективи, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња