Извор: Ројтерс
Боб
На 14 февруари завршија контролните тренинзи во боб кај мажите. Во вториот обид најдобра беше руската двојка во која се Александар Зубков и Алексеј Воевода. Руското дуо Александар Касјанов и Максим Белугин, пак, го зазедоа второто место. На првиот тренинг лидираше Касјанов, а Зубков беше втор. Трката за медалите во овој вид спорт ќе се одржи на 17 февруари. „Тоа ќе биде жестока трка“, смета Зубков. „Сакам за време на Олимпијадата да покажам добри резултати, кои би го одразувало високото ниво на нашата подготовка“, изјавува спортистот за порталот Sportbox. Неговиот компањон Алексеј Воевода се надева на помошта на домашниот терен: тој е единствениот жител на Сочи од целата олимписка репрезентација.
Скијачко трчање
Во трката на 15 километри во класичен стил победник со резултат од 38 минути 29.7 секунди стана Швајцарецот Дарио Колоња, кој веќе го доби својот олимписки медал на шампионатот во Сочи во скиатлон. Среброто и бронзата им припадна на Швеѓаните Јохан Улсон и на Даниел Ричардсон. Најдобар меѓу Русите беше Александар Бесмертних, кој го зазеде седмото место со задоцнување од 1 минута и 8 секунди. Дмитриј Јапаров беше шеснаесетти, Станислав Воложенцев деветнаесетти, а Евгениј Белов дваесет и петти. Во коментарите за агенцијата „Р-Спорт“ Бесмертних ја изрази својата надеж дека ќе влезе во штафетната репрезентација во скијачко трчање. „Резултатот си е резултат, иако, секако, се надевав на повеќе. Трчањето беше тешко, исто како и лизгањето, но сè беше во еднакви услови. Денешниот резултат покажа дека сум достоен за место во штафетата, но за тоа решава тренерот“.
Керлинг
Во седмата сесија на женскиот круг од турнирот руската репрезентација ја победи репрезентацијата на Швајцарија со резултат 6-3. Ова е веќе шести меч за Русинките и трет кој им донесе победа.
Претставниците на машката репрезентација во керлинг исто така станаа триумфатори на својот меч: тие ја победија репрезентацијата на САД со 7-6 во осмата сесија на турнирот.
Биатлон
Со победата на Белорусинката Дарја Домрачева заврши индивидуалната трка на 15 километри. Швајцарката Селина Гаспарин се искачи на втората скала од пиедесталот, а сонародничката на Домрачева, Надежда Скардино заврши трета. Трикратната шампионка на светот Русинката Ољга Зајцева стаса на финишот петнаесетта (таа направи две грешки и имаше задоцнување од 3 минути и 47.3 секунди). Зајцева ги моли своите навивачи да не се грижат и ги уверува дека шансите за повисок пласман на оваа Олимпијада сè уште не се изгубени: Функционално се чувствувам подобро одошто во претходните трки. Мислам дека ќе влеземе во форма. Стрелечката униформа исто така не е лоша, но нешто недостасува. Најверојатно недостасува среќа и ладна глава. Ољга Подчуфарова, дебитантката на оваа Олимпијада од руската репрезентација, беше четириесет и деветта, Јана Романова педесет и трета, Екатерина Глазирина шеесет и прва. „Тоа што влегов на Олимпијадата неочекувано, се покажа како среќа. Јас едноставно излегов и се обидов да одработам со сета своја сила“, ја коментира добрата страна на својата трка Подчуфарова.
Скијање
Според резултатите на двете етапи на суперкомбинацијата (брзо спуштање и слалом) победник стана Сандро Вилета од Швајцарија. Руските спортисти настапија поскромно: Павел Трихачев дваесет и четврти, Александар Хорошилов триесетти.
Скелетон
На 14 февруари своите натпревари ги завршија скелетонистите. На крајот претставничката на руската репрезентација Елена Никитина заработи сребрен медал. Најдобра, пак, беше Британката Елизабет Јарнолд. Ољга Потилицина и Марија Орлова од руската репрезентација завршија на петтото, односно на шестото место.
Машкото финале ќе се одржи на 15 февруари. Засега според резултатите на две спуштања во предност е Русинот Александар Третјаков. Сергеј Чудинов е петти, Никита Трегубов десетти. Пред решавачките стартови Третјаков води пред неговиот соперник Мартин Дукурс од Латвија со 0.56 секунди што претставува солидна разлика за скелетонот. Всушност, самиот Третјаков засега не планира да се опушти: „Не е толку многу колку што се чини. Може да се изгуби за една трка, па затоа во никој случај не може да се опуштам. Иако, искрено, не очекував дека толку многу можам да се забавувам“, го прокоментира Александар својот настап за порталот championat.com
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче