Извор: РИА Новости.
Секој ден на Олимписките игри, како и на другите натпревари, некој се здобива со повреди. Нечија олимписка мечта се урива за дел од секундата.
Медицинската грижа на натпреварите лежи на лекарите, но постојат и голем број волонтери кои им помагаат. Превод, помош во организацијата на брзиот транспорт во болница, известување за она што се случило – сè што може да помогне, без да претставува пречка во дејствувањето на лекарите. За оперативна и квалитетна помош потребно е да се создадат вистински услови, и имено ова паѓа на грбот на моите колеги. И, за жал, ваквите услуги ги даваат доста често.
Натпреварите што се одвиваат на покриените стадиони во крајбрежниот дел, не се толку опасни за повреди, и сè што се случува на овој дел, по правило, е поврзано со удари и со извиткување на мускули. Но, во планинскиот дел, работите се многу посложени, и таму сериозните случаи се обична работа.
Најмногу медицински случаи има на тренинзите и на натпреварите во скијање, фристајл, сноуборд и во скокови. Волонтерите што работат на овие дисциплини, со спокоен изглед раскажуваат дека по првите неколку дена почнуваш да се навикнуваш на тоа.
Мојот однос кон повредите не може да биде мирен. Кога стадионот замира при вдишување, и во воздухот се слуша тишина, невозможно е да продолжиш ладнокрвно да си ги исполнуваш своите обврски. Сепак, мора да се соберам и да продолжам да работам понатаму, при што секогаш со желба сè да биде во ред.
По секоја нова повреда во прес-центарот се зборува само за тоа. Информациите никогаш не доаѓаат веднаш, па затоа тоа е секогаш шум на безизлезност и на отсуство на вести. Новинарите не ги фаќа место, постојано се јавуваат во своите редакции и известуваат: падна... по своја вина... се потпре на лакотот... стана и тргна сам... не, засега ништо не се слуша...
Дури и спортистите за кои повредите во голема мера се рутина, не можат кон тоа да се однесуваат спокојно. Тешко е да се гледа како нагло се завртува и замира со широко отворени очи големиот спортист, кој и самиот тукушто закрепнал од тешка повреда, кога се слуша тешкиот звук на паѓање. Звукот на паѓањето лесно се разликува од кој било друг звук, - тој е позадушен, но во исто време е силен и јасен. На телевизија тој не се слуша, но во реалноста токму тој е предвесник на проблемите. Понатаму следува трчкањето на лекарите, луѓе кои одат натаму-наваму, ѕвонат телефони, се слушаат крици. Но имено тоа е тој звук со кој сè започнува.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче