Волонтерски записи: Церемонијата на отворањето

Палењето на Олимпискиот оган и огнометот се клучен дел од олимписката церемонија. Извор: РИА Новости

Палењето на Олимпискиот оган и огнометот се клучен дел од олимписката церемонија. Извор: РИА Новости

На крајот се случи она што целата земја го очекуваше седум години од моментот кога беше објавено дека 22 Зимски олимписки игри ќе бидат организирани во Сочи.

Голем број волонтери добија можност да ја видат церемонијата со сопствени очи пред сите останати во светот: билетите за генералните проби им ги даваа како награда. Но, и покрај тоа, не сите ја добија таа шанса. 

И Скопје го виде отворањето
Зимските олимписки игри во Сочи го привлекоа вниманието на милиони гледачи ширум светот. Македонија не е исклучок. „Руска реч на македонски“ излезе низ скопските улици за да го провери пулсот на граѓаните, а воедно присуствуваше и на заедничкото следење на отворањето, организирано од Амбасадата на Русија во Македонија..

На денот на церемонијата се слушнаа гласови за тоа дека определен број волонтери ќе бидат пуштени на стадионот Фишт на самата церемонија, со цел да ги пополнат непродадените места. Гласовите на вакви големи настани, како што е познато, се шират со брзина на светлината, па затоа сите оние што не беа зафатени попладнето на своите работни смени, преку своите координатори се запишаа во списокот и тргнаа кон Олимпискиот пар за да чекаат. Огромната толпа, кој беше среќна и радосна што ќе присуствува на отворањето, сè повеќе и повеќе стануваше очајна. Поголемиот дел, секако не успеа да влезат, и само оние што имаа среќа да застанат во ред неколку часа пред останатите се најдоа на трибините на Фишт. Тие беа восхитени. Еден мој познаник, еден од оние среќлии, по церемонијата ја изгуби способноста да зборува поврзано и на секое прашање испраќаше по десетина пораки, кои беа составени исклучиво од извичници и од смајлија. 

Јас имав помалку среќа: неколку минути пред отворањето сфатив дека нема шанси да влезам во Фишт, а најблискиот достапен телевизор се наоѓаше на 20 минути трчање од местото каде што стоев. Така, за мене Олимписките игри започнаа мошне спортски. 

За многу странци задачата да ги дешифрираат сите сцени што ги виделе на церемонијата се покажа сложена: наоколу постојано се слушаа разговори за тоа кој ли е тој чичко Стјопа и зошто руската тројка е толку важен симбол. И постоеја толку многу верзии што беше навистина интересно да се слушнат. На пример, еден Британец сиот пат кон дома уверуваше еден друг дека чичко Стјопа, кој, патем речено, е омилен лик од руските детски раскази, претставува симбол на полициска држава и на целата путинска Русија. 

Секако, најважниот дел на секоја олимписка церемонија е огнометот. Само што се запали факелот, покрај мене, во ходникот на прес-центарот, кон излезот се растрча толпа луѓе. Новинарите и персоналот ги оставија сите свои работи и истрчаа надвор, со цел барем со едно око да погледнат на грандиозниот огномет над Олимпискиот парк. Назад се вратија задишани, но со широка насмевка и задоволни – најверојатно огнометот надвор бил исто толку прекрасен како и на телевизија. 

По пат кон дома Американецот што седеше до мене во автобусот, пишуваше некому писмо, ревносно и емотивно чукајќи по екранот и диктирајќи си го текстот од писмото себеси под нос. „Без оглед на тоа што видов голем број чудни работи, кои не можат да се замислат и да се објаснат, - пишува тој, - треба да ги сфатиме и да ги прифатиме оти Русите многу се потрудиле и направија сè со цел ние барем малку да ја сфатиме нивната загадочна душа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.