ЗОИ и нивните маскоти

Маскоти на првата руска Зимска олимпијада ќе бидат животни карактеристични за Русија: снежниот леопард, белото мече и зајакот. Извор: Alamy / Legion Media.

Маскоти на првата руска Зимска олимпијада ќе бидат животни карактеристични за Русија: снежниот леопард, белото мече и зајакот. Извор: Alamy / Legion Media.

Во историјата на зимските Олимписки игри имаше многу популарни и впечатливи маскоти. Останаа запаметени австрискиот снешко Олимпијамандл, канадските поларни мечиња Хајди и Хоуди, францускиот гном Межик, сараевскиот Волчко, јапонските утки Сноулет. Трите маскоти на Зимските олимписки игри во Сочи, снежниот леопард, белото мече и зајакот, се на пат да го заземат заслуженото место на списокот на најомилени маскоти на зимските олимписки игри.

За време на Зимските олимписки игри во Сочи, во февруари оваа година, публиката ќе ја развеселуваaт три маскоти: снежниот леопард, белото мече и зајакот. За земјата-домаќин изборот на овие ликови не беше лесен.

Маскотите ги избираше цела Русија 

За време на претседателските избори во 2008 година на изборните места во Сочи избирачите не гласаа само за претседател на РФ, туку и за симболите на Олимписките игри. Граѓаните на Сочи избраа делфин на скии. Но, предлогот на градот-домаќин не беше прифатен и организаторите решија за маскота на Зимските олимписки игри да гласаат сите граѓани. Не се знае зошто жирито од финалниот избор исклучи два победника на завршната етапа: жабата Зојч и ракавиците со еден прст (рус. варежки). 

Интересно е да се спомене дека неколку дена пред финалното гласање од списокот можни маскоти беше исклучен Дедо Мраз зашто, во случај на победа, овој национален симбол на Русија на подолг период воедно ќе станеше и симбол на Меѓународниот олимписки комитет.


За време на претседателските избори во 2008 година на изборните места во Сочи избирачите не гласаа само за претседател на РФ, туку и за симболите на Олимписките игри. Извор: PhotoXPress.

Финалното гласање се одржа на почетокот на 2011 година. На руската државна телевизија за маскотата на Олимписките игри гласаа околу еден милион и петстотини илјади луѓе. По завршувањето на гласањето на прво место се најде леопардот за кој се изјасни и претседателот на РФ Владимир Путин, на второ место беше белото мече кое го поддржа премиерот Дмитриј Медведев, а на трето место беше зајчето. За маскоти на Параолимписките игри се избрани Зрачко и Снегулка. 

На тој начин за првпат во историјата симболот е избран со јавно гласање. Претходно официјалните маскоти ги избираа организациските комитети на игрите.

Торино и Ванкувер: дива природа и народни преданија 

Креирајќи ги маскотите за Зимската олимпијада во Торино 2006 година, организаторите за основа ги зедоа снегот и мразот, две агрегатни состојби на водата кои се користат во зимските Игри. Од грутка снег дизајнирана е грациозно, еластично девојче Неве (на италијански „снег“), а од коцка мраз силно, насочено кон целта момче Глис. 

На следните Олимписки игри во Ванкувер во 2010 година, организаторите беа инспирирани од историјата. За маскоти се избрани ликови кои ги прикажуваат древните индијански преданија. Куатчи потсетува на ликовите од легендата за јетито „бигфут“ („Големо Стапало“), снежниот човек кој, според индијанските верувања, живее во шумите на Северна Америка. Вториот лик беше малечката итрица Мига, девојче кое е настанато според ликовите од легендите за морската мечка, односно за китот кој излегува на копното, се претвора во мечка и талка низ градовите и селата.

Првенецот снешко 

Првата маскота во историјата на Зимските олимписки игри беше снешкото Олимпијамандл. Тој беше симбол на најевтината Олимпијада во историјата, одржана во австрискиот град Инзбрук во 1976 година. Австрија оваа Зимска олимпијада ја организираше за само една година, откако Денвер (САД) се откажа од кандидатурата. 

Олимпијамандл стана толку омилен кај публиката што традицијата на осмислување маскота за зимските олимписки игри беше продолжена. Четири години подоцна (1980) игрите сепак беа одржани во САД, во гратчето Лејк Плесид. Тогаш маскота беше ракунот-скијач Рони. Оваа олимписка маскота е интересна по тоа што за првпат е употребена во рекламни цели и како сувенир.

Дизајнерски креации: волче, поларна мечка и гном 

Наспроти југословенската олимпијада во Сараево во 1984 година за првпат е распишан конкурс на кој дизајнерите можеа да предложат идејни решенија за маскота. Од 30 илјади пристигнати дела беше избран волкот Волчко кој до денес е еден од најсимпатичните олимписки маскоти. Волчко остана запаметен не само по својата „широка насмевка“, туку и по дречливо портокаловиот шал со снегулки. На зимската олимпијада во Сараево беше забележана рекордна продажба на вакви шалови и играчки со олимписка симболика. Сараевскиот рекорд во продажба на олимписки сувенири сè уште не е урнат. 

Маскотата на игрите во Калгари 1988 беа две поларни мечиња Хајди и Хоуди, кои, според легендата, се нераздвојни брат и сестра, Хајди и Хоуди беа облечени како каубои, зашто во тие години во Калгари се одржуваше еден од најголемите фестивали на кантри-музика. 

Следната зимска олимпијада, одржана четири години подоцна во Албервик, повторно имаше само една маскота. Французите најпрво ја претставија срната Шамуа, но таа не ѝ се допадна на публиката, па за првпат во историјата пред почетокот на игрите маскотата беше сменета. Така симбол на Зимската олимпијада во Албервил 1992 стана гномот Межик. Дизајниран е во облик на ѕвезда која го симболизира тежнеењето кон врвни резултати.

Една маскота не е доволна 

До 1992 година зимските и летните олимписки игри се одржуваа во иста година, а потоа МОК ги промени правилата, па следната Зимска олимпијада беше одржана по две години, во 1994 година во норвешкиот Лилехамер. Интересно е што тогаш за првпат маскотите не беа суштества од приказните, ниту животни, туку луѓе. За маскоти беа избрани јунаци од приказна, русокосите брат и сестра Хокон и Кристи. Играчките со нивните ликови беа продадени во милионски тираж, но на сите официјални церемонии за време на Олимпијадата улога на маскота имаа деца облечени во народни носии. 

Според бројот на маскоти на зимските олимписки игри убедливо предничат Јапонците. Игрите во Нагано во 1998 година имаа дури четири маскоти. Најпрво беше планирано маскота да биде хермелинот Окој, но подоцна тој беше заменет со четири утки со јарки бои, кои подоцна беа наречени Сноулетс. Утката е симбол на мудроста. Значи, организаторите сакаа да укажат на духовната страна на спортот и на олимписките игри. Бројот четири ги симболизира четирите годишни времиња и четирите природни стихии: ветрот, водата, огнот и земјата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.