Пљушченко: Некаде длабоко во душата почувствував дека на крајот се вратив на спортот, се вратив на натпреварите, без разлика што се мали. Извор: Reuters.
На 7 ноември олимпискиот шампион во уметничко лизгање Евгениј Пљушченко го освои првото место во кратка програма на меѓународниот турнир Волво во Рига. Русинот освои 82.34 поени.
Пљушченко, кој на 3 ноември наполни 31 година, не излегуваше на мраз на официјални натпревари откако во јануари годинава поради повреда се откажа од Европскиот шампионат во Загреб. Потоа му беше направена операција на 'рбетот во Израел, по која тој долго закрепнуваше и не можеше да тренира. Сепак, сега тој веќе активно тренира и успешно прави скокови со четири вртења и каскади 4-3.Решението да настапи на не многу престижниот турнир во Рига, каде Евгениј Пљушченко беше единствената ѕвезда, беше наметнато од потребата да се добие минимумот поени за рејтинг, без кои според правилата на Меѓународниот сојуз на лизгачи не може да се учествува на шампионати во Европа, во светот и на Олимписките игри.
„
Имав слаби вртења, тоа не го кријам, бидејќи силно ги контролирав сите движења и емоции.
Евгениј Пљушченко
„Не сум се натпреварувал 10 месеци. Секако, имав голема трема, но се воздржував, затоа што првиот старт е секогаш тежок, уште повеќе по една таква сложена операција, - изјави Пљушченко за ИТАР-ТАСС по својот прв настап за оваа сезона. – Не мислев дека ќе успеам да направам сè што бев замислил. Секако немаше четирикратна пируета, но програмата беше достоинствена. Имав слаби вртења, тоа не го кријам, бидејќи силно ги контролирав сите движења и емоции. Програмите сè уште не се добро одработени, бидејќи ова е прв турнир. Секако, на тренинзите сум подобар. Сега првиот старт е зад мене, првата етапа е помината“.
„Секако дека е тешко, но денес лизгав со задоволство, - вели спортистот. – Кога ме повикаа, дури и се насмевнав! Некаде длабоко во душата почувствував дека на крајот се вратив на спортот, се вратив на натпреварите, без разлика што се мали. Но, треба да се започне од мало, за да се дојде до главната цел – четвртата Олимпијада“.
Како што вели самиот Пљушченко, него сè уште го мачат болки во 'рбетот, па затоа не можел да помине без аналгетици. „Да, денес испив четири апчиња против болка – две на утринскиот тренинг и уште две на натпреварот. Сега сум многу внимателен, но такви болки како што имав порано, сега повеќе немам. Со ваков 'рбет може да лизгам“, изјави тој.
Како што вели олимпискиот шампион, на овој натпревар тој се вратил во својата младост. „Денес се преоблекував со деца кои имаат седум-осум-девет години и почувствував како да не сум во Рига, туку на некој детски натпревар кога имав 11 години. Но, тука не сум дојден за да се натпреварувам со тие деца или со сериозни ривали, дојдов за да се натпреварувам самиот со себе. Јас морам да ја надминам таа нервоза и таа болка. Потребно ми е по тие 10 месеци закрепнување да се присетам како е да лизгаш пред судии, пред гледачи“, вели Пљушченко.
„
За време на кратката програма на меѓународниот турнир во Рига Пљушченко покажа една од верзиите за олимписката програма.
Тренерот на Пљушченко, Алексеј Мишин, од своја страна го нарече настапот во Рига подвиг. „Многу сум задоволен, зашто денес се случи еден несекојдневен настан во животот на Пљушченко. Денес тој направи вистински подвиг, па затоа вклучувањето на максимална сложеност во програмата ќе беше грешка, зашто сега треба полека да се движи, за тој да не изгори“, рече Мишин.
За време на кратката програма на меѓународниот турнир во Рига Пљушченко покажа една од верзиите за олимписката програма. Интересно е дека слободниот стил Евгениј Пљушченко го има поставено на музика од Албинони, Римски-Корсаков, Корнељук, Рот, односно претставува микс од неговите претходни, веќе познати програми.
Според материјалите на Комерсант и ИТАР-ТАСС
http://kommersant.ru/doc/2337583
http://www.itar-tass.com/c20/947304.html
http://www.itar-tass.com/c20/947305.html
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче