Извор: Photoshot / Vostock photo
Некои написи содржат препораки за странците во кои на странците за заштита на приватноста на нивните лични податоци пред поаѓањето во олимписка Русија им се препорачува да ги остават дома своите компјутери, таблет-компјутери и смартфони. Меѓу изданијата кои особено се загрижени за кршењето на приватноста на гостите на Олимпијадата се наоѓаат и мошне угледните „Гардијан“ и „Телеграф“.
Сепак, стручњаците не го делат паничното расположение што го пумпа печатот. Како прво, ако ја разгледуваме ситуацијата од гледна точка на информациската сигурност, применетите мерки се прилично адекватни, смета стручњакот за информациски технологии Тимур Нигматулин. Техничката опременост на специјалните служби во принцип овозможува прислушување на преговори, па дури и анализа на преписките и по пат на социјалните мрежи и електронската пошта. Како што покажува практиката, подвлекува Нигматулин во интервју за „Гласот на Русија“, ваквата контрола е еден од најдобрите начини за препознавање на терористичка дејност и за нејзина ликвидација во почетниот стадиум.
„
Оние граѓани и организации кои сериозно се однесуваат кон безбедноста на своите лични податоци применуваат метод на таканаречена криптографија. Поточно тоа е криптографија која овозможува мошне надежно шифрирање на своите податоци. Во таков облик податоците може сосема спокојно да испраќаат понатаму по компромитирани канали за врски.
Во контекст на Олимпијадата во Сочи не смееме да заборавиме на фактот дека водачот на севернокавкаските терористи Доку Умаров вети дека ќе ги загрози Игрите на кој било достапен начин. Затоа е бесмислено да се има забелешки на мерките за безбедност за време на одржување на масовен настан од толкави размери, смета директорот на групацијата „Алор“ Сергеј Хестанов. Во исто време, смета Хестанов, нити спортистите, ниту гостите на Игрите не треба да се плашат од нарушување на нивната приватност.
Оние граѓани и организации кои сериозно се однесуваат кон безбедноста на своите лични податоци применуваат метод на таканаречена криптографија. Поточно тоа е криптографија која овозможува мошне надежно шифрирање на своите податоци. Во таков облик податоците може сосема спокојно да испраќаат понатаму по компромитирани канали за врски.
![]() |
|
Многу стручњаци не исклучуваат дека „црвената линија“ на целосно следење во Сочи кое беше објавено од страна на западните медиуми не е ништо друго, туку обид за одмазда на истиот оној Запад за соработникот на американската разузнавачка служба Едвард Сноуден кој го предаде својот работодавач во врска со шпионажата од планетарни размери. Ова е можеби и обид да се сврти прстот кон Русија. Така членот на управата на Здружението на челниците за информациска безбедност Александар Токаренко во интервју за „Гласот на Америка“ истакна дека на територијата на своите земји службите во подрачјето на безбедноста делуваат многу поагресивно одошто руската Федерална служба за безбедност. Ако гостите од Америка ги послушаат советите на новинарите и ако пред заминувањето во Сочи ги остават дома сите свои гаџети, таму ќе продолжи да ги прислушува нивната ЦИА, додава Токаренко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче