Светски игри – трендсетер на современите игри

Фотографија: PressPhoto.

Фотографија: PressPhoto.

На 25 јули во колумбискиот град Кали започнаа Светските игри, светско натпреварување во спортови кои не се дел од олимписката програма. Натпреварувањата по софтбол, вушу или ролер-спорт сè уште спаѓаат во егзотични дисциплини, но многу од нов набргу можат да станат олимписки. Репрезентацијата на Русија во Колумбија ќе се обиде да го повтори успехот што го беше постигнала пред четири години во Тајван.

По триумфот на руските спортисти на Универзијадата во Казањ (прво место во екипен пласман, 155 златни, 75 сребрени и 62 бронзени медали) Русија може да постигне сличен резултат и во колумбискиот град Кали, каде се одржуваат деветтите Светски игри (од 25 јули до 4 август). На програмата на овие игри се наоѓаат спортови кои не спаѓаат во олимписките дисциплини. 

Според мислењето на почесниот член на бирото на Меѓународната пливачка федерација (FINA), Генадиј Аљошин, кој е задолжен за учеството на Русија на Светските игри, овие натпревари се мошне важни за светскиот спорт. „Сите млади луѓе не се занимаваат со фудбал, со пливање или со атлетика“, вели Аљошин за „Руска реч на македонски“. „Многумина својот живот го посветуваат на спортови кои ѝ се помалку познати на пошироката публика. Такви се, на пример, сквошот или ориентирингот. На спортистите кои се занимаваат со вакви ретки спортови исто така им е потребна конкуренција, и тоа на меѓународно ниво. Голем дел од нив Меѓународниот олимписки комитет (МОК) најпрво ги тестира на Светските игри, а потоа ги вклучува во програмата на Олимпијадата. Последен таков пример е рагбито-7, кое ќе биде застапено веќе во Рио де Женеиро. 

Освен рагбо-7, Олимпијадата од Светските игри ги презеде бадминтонот (1990), бејзболот (1992-2008, но од 2020 година може да биде вратен во олимписката програма), одбојката на песок (1996), скоковите во вода (2000), кревањето тегови (жени, 2000) и теквондото (2000). 

Олга Иванова, првата претставничка на Русија која има освоено златен медал на светското првенство вп теквондо 2013, смета дека секој спорт на Светските игри може да стане олимписки. „Мојот спорт долго време се обидуваше да се пробие на олимпијадата преку Светските игри и на крајот успеа во тоа“, вели таа за „Руска реч на македонски“. „Сега веќе е тешко да се замисли Олимпијада без теквондото, а за 10-15 години исто ќе може да го кажеме, да речеме, за спортскиот танц. Интересни е да се следат Светските игри, тоа е мошне интересен турнир. Тука се создаваат определени трендови, според кои во иднината ќе живее спортот“. 

Почнувајќи од 1981 година Светските игри се одржуваат еднаш на четири години под покровителство на МОК. На почетокот на програмата имаше 18 спортови, но со текот на времето нивниот број значително се зголеми. Во денешно време на натпреварувањата ќе се доделат медали во 31 дисциплина (спортски танц, карате, сумо, ракомет на песок, билјард, пауерлифтинг, куглање, спортска акробатика, тегнење јаже и други), а надвор од конкуренција ќе бидат презентирани пет нови спорта (дуатлон, софтбол, вушу, ролер-спорт, кану маратон). 

Во текот на десетте дена ќе бидат одржани 195 финални натпревари, На овие Светски игри Русија ја претставуваат 149 спортисти. Генадиј Аљошин смета дека нашите спортисти во Кали можат да го повторат успехот од пред четири години. „Русија испраќа мошне силна екипа, која претендира на победа во вкупниот пласман“, констатира Аљошин. „Можам да ги издвојам нашите ритмички гимнастичарки Елисавета Назаренко и Ана Трубникова, подводните пливачи Павел Кабанов и Дмитриј Кокорев, а исто така и сите руски спортски танчари и сумо-борачи. Очекувам позитивен резултат. Ние можеме да го повториме успехот од пред четири години, а можно е и да освоиме уште поголем број медали“. 

По третиот ден од натпреварувањето руските репрезентативци имаа освоено седум златни, девет сребрени и шест бронзени медали. Во екипен пласман засега руската репрезентација го зазема четвртото место. На прво место е репрезентацијата на Италија (10-11-11), на второ Франција (10-4-7), на трето место се Германците (9-4-4), а, петти се Јапонците (5-0-3). Според вкупниот бој медали Русите се втори (22) зад Италијанците (32) и пред Французите (21). 

Репрезентацијата на Русија триумфираше пред четири години во Тајван, Руските спортисти ги надминаа сите останати екипи и според вкупниот број медали (47), и според бројот ба златни медали (18).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња