Во Санкт Петербург заврши СпортАкорд

Извор: Росијскаја газета / Константин Завражин.

Извор: Росијскаја газета / Константин Завражин.

Највлијателниот светски спортски форум СпортАкорд на почетокот од месецов заврши со својата работа во Санкт Петербург. СпортАкорд денес обединува повеќе од две илјади учесници, меѓу кои во најголем број се светски лидери во спортската индустрија, претставници на власта и на спортските заедници, како и повеќе од сто спортски федерации. Санкт Петербург е првиот руски град, кој ја прифати оваа авторитетна спортска конференција.

Програмата на конференцијата беше опширна. Членовите на извршниот комитет на Меѓународниот олимписки комитет мораа да решат кои спортови дополнително ќе влезат во програмата на Олимписките игри. Од осум претенденти по гласањето останаа спортското борење, бејзбол-софтбол и сквошот. Меѓутоа, ќе победи само еден од нив. Конечната одлука ќе биде усвоена на седницата на МОК, што ќе се одржи во септември во Буенос Аирес. 

Борењето кое беше постојано на програмата на олимпијадата уште од античко време, го изгуби статусот олимписка дисциплина во февруари. Тогаш извршниот комитет на МОК реши дека борењето многу помалку одговара на барањата одошто, на пример, современиот петобој. Но, Меѓународната федерација на спортско борење не се предаде. Во неа дојде до промена на раководството, па местото на Рафаел Мартинети, кој беше обвинуван за овој настан, го зазеде Ненад Лаловиќ. 

СпортАкорд го посети и претседателот на Руската Федерација. „Овој спорт со право ужива популарност во многу земји“, изјави Владимир Путин. 

„Знам дека конечната одлука ќе биде донесена подоцна, но уште сега избравте три спорта, меѓу кои е и борењето. Се надевам дека одлуката ќе биде праведна, образложена и дека ќе придонесе за зацврстување и развој на олимпиското движење, кое се базира на традициите, наследени од античко време. Борењето, како што знаеме, е еден од основните спортови кои се традиционални за Олимписките игри“, истакна претседателот.

Медалите се направени од различни материјали, а покрај некои метали се користи и поликарбонат. Еден дел на медалот потсетува на картата на Русија со приказ на националните орнаменти и знаменитости.

На учесниците на конвенцијата СпортАкорд им беа претставени првите комплети олимписки и параолимписки медали Сочи 2014. Тие ќе бидат покриени со слој најквалитетно злато. Секој медал ќе тежи по петстотини грама. Производствената организација „Адамс“ ќе изработи 1.300 комплети медали. Инаку, во врска со медалите, беше распишан конкурс за разработка на скица, на кој учествуваа руски и странски дизајнери. Победата ја однесоа руски дизајнери. Медалите се направени од различни материјали, а покрај некои метали се користи и поликарбонат. Еден дел на медалот потсетува на картата на Русија со приказ на националните орнаменти и знаменитости. Владимир Путин ги разгледа медалите заедно со претседателот на МОК Жак Рог. На рускиот претседател му се допаднаа медалите.

„До отворањето на Олимпијадата останаа само уште осум месеци. Олимписките објекти, сета неопходна инфраструктура се наоѓаат во висок степен на подготвеност. Денес, јас и господинот претседател, ги видовме идните медали за учесниците на Олимпијадата. Тие се базирани врз традициите на руската култура. Уверен сум дека тие и вам ќе ви се допаднат, но најважно е дека тие ќе им се допаднат на спортистите. Подготвени сме да организираме вистински празник во 2014 година – празник на спортот, кој е достоен на неговата мисија за обединување на луѓето од целиот свет околу вистинските вредности“, истакна претседателот на МОК Жак Роге.

На една од седниците на конвенцијата беше обновен рејтингот за Глобалното влијание на спортот. Состојбата на земјите на овој список е одраз на нивните активности во одржувањето на најголемите меѓународни натпреварувања. Русија го зазема третото место, што значи дека нејзината положба не се изменила од лани. Првото место го зачува Кина. Велика Британија мораше да го отстапи своето место на Канада, која од петтото се најде на второто место. Системот на пребројување поени во рејтингот е следен: дел од поените земјите добиваат штом се стекнат со правото за одржување на некој спортски форум. По завршувањето на форумот се зема предвид нивото на организација на спортските акции. Ова значи дека Русија има големи шанси да биде на чело на оваа авторитетна класификација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња