Универзијадата во Казањ ќе биде проба за зимската Олимпијада

Во Казањ на гостите на натпреварот ќе им помагаат илјада волонтери. Извор: kazan2013.ru.

Во Казањ на гостите на натпреварот ќе им помагаат илјада волонтери. Извор: kazan2013.ru.

Татарстанскиот град Казањ е домаќин на меѓународното спортско натпреварување Универзијада 2013, на кое учество ќе земат преку десет илјади гости од целиот свет, со што ќе стане најмасовна Универзијада досега.

Светската летна Универзијада 2013 во Казањ што ќе се одржи од 6 до 17 јули годинава, ќе биде своевидна проба за зимската Олимпијада 2014 во Сочи. Ова во ексклузивно интервју за „Гласот на Русија“ го изјави претседателот на република Татарстан, Рустам Минниханов. 

Нашите странски колеги ќе ја видат меѓунационалната сложност и динамиката на развој на нашата земја. Ќе им покажеме сè што е позитивно. Има што да се види: и нашиот убав град и нашите луѓе. Универзијадата, на која ќе се претстават околу 170 земји, ќе создаде позитивна слика за нашите земји во пресрет на Олимпијадата и за тоа се обезбедени сите можности. Прашањата поврзани со логистиката, со превозот, осигурувањето, сето тоа ќе биде направено во Казањ, а потоа сите ќе заминеме на Олимпијадата во Сочи. 

Селото за Универзијадата е веќе подготвено, рече раководителот на Татарстан. Таму ќе бидат сместени 13.000 спортисти, тренери и гости на младинските игри. Огромниот олимписки комплекс веќе се користи како студентски кампус. Отворен е меѓународен информациски центар, во работна состојба е посебно изградената гимнастичка арена, центар за боречки вештини, веслачки канал. Останатите објекти ќе бидат готови навреме, дополни Рустам Минниханов. 

На најмасовните студентски игри во историјата, учество ќе земат речици десет илјади спортисти, кои ќе се борат за медал во 27 спортови. Ќе им покажеме на странските гости нова Русија, истакна Рустам Минниханов. 

Академијата за тенис е центар каде можат да се одржуваат натпревари на светско ниво. Центарот за гимнастика и за водени спортови се уникатни спортски објекти. До почетокот на Универзијадата ќе завршиме уште еден објект – новиот фудбалски стадион. За подоцна таму се планира да се играат натпревари од светското фудбалско првенство. Салата за водни спортови ќе почне со работа во март, а фудбалскиот стадион на 6 јуни. 

Токму на новиот фудбалски стадион ќе се одржи церемонијата на отворањето на Универзијадата. Да потсетиме дека Казањ го доби правото за организација на Универзијадата во борба со шпанскиот град Виго и јужнокорејскиот Квангџу. Веќе од 2008 година, кога Меѓународната универзитетска федерација го прогласи победникот, градот започна да се подготвува за светскиот младински празник. Есента 2012 година во Казањ беа одржани пробни натпревари од студентското светско првенство. Младите спортисти се бореа за медали во кајак, кану, академско веслање и стрелаштво. Спортистите беа задоволни од начинот на кој Казањ се подготвил за претстојната Универзијада, истакна Рустам Минниханов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.