Кириленко ќе настапува соло

Извор: Виктор Васенин/Росијскаја газета.

Извор: Виктор Васенин/Росијскаја газета.

Руската тенисерка Марија Кириленко изјави дека повеќе нема да игра во двојки. 14 рекет во светот реши да се сосредоточи на поединечната игра.

„Мислам дека тоа е логично решение, зашто чувствувам дека во моментов добро ми оди во поединечната игра, а јас, сепак, трошам многу сили на настапите во двојки. Затоа сакам да ги сосредоточам сите свои сили за подобро да играм поединечен тенис“, - изјавува Кириленко.

Како и да се земе, Кириленко мошне успешно дејствува токму во дует со партнерка. Во поединечна игра тенисерката има освоено шест титули, а во игра во двојки два пати повеќе. Дури и во „дабл-рејтингот“ поубавата половина на хокеарот Александар Овечкин се пласира мошне високо – на шестото место во светот. Во комбинација со тенисерката Надежда Петрова, Кириленко го освои бронзениот медал на летните Олимписки игри 2012 во Лондон. Девојките исто така станаа шампиони на првенството на WTA во Истанбул. Од почетокот на 2013 година Кириленко настапи во двојка со познатата специјалистка во игра во двојки, американката Лиза Рејмнод.

Во поединечна игра тенисерката има освоено шест титули, а во игра во двојки два пати повеќе.

Интересно е што уште пред четвртфиналниот меч на Купот на Федерацијата против екипата на Јапонија, кој минатиот викенд се одржа спортскиот комплекс „Олимписки“ во главниот град на Русија, Марија Кириленко нагло се откажа од можноста да настапува во двојки. За среќа на Шамил Тарпишев достапна му беше заиграната парна комбинација – Елена Веснина и Екатерина Макарова. Овие девојки и го донесоа решавачкиот победоносен поен на натпреварот против јапонските тенисерки.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.