Олимпиското одбројување започна: билетите веќе се во продажба

Часовникот го одбројува времето до стартот на 22 зимски Олимписки игри во Сочи. Извор: РИА Новости.

Часовникот го одбројува времето до стартот на 22 зимски Олимписки игри во Сочи. Извор: РИА Новости.

Билетите за зимската Олимпијада 2014 во Сочи започнаа да се продаваат на 7 февруари. Цените на билетите ќе бидат пониски од оние во Лондон, но ќе бидат повисоки од тие во Ванкувер. Имателите на билети ќе треба да извадат и специјален олимписки пасош, кој се нарекува пропусница за гледачи, за да можат да се наоѓаат на олимписката територија.

Билетите за зимската Олимпијада 2014 во Сочи започнаа да се продаваат на 7 февруари – точно една година пред нивното отворање. За разлика од Лондон 2012, билетите за првпат ќе се продаваат преку Интернет.

Буџет

 

Во 2007, веднаш штом Сочи го доби правото да биде домаќин на Олимписките игри во 2014, беа издвоени 320 милијарди рубли за олимписката конструкција. Во изминативе шест години трошоците се зголемија за петпати во споредба со првичниот план. Моменталните пресметки покажуваат сума од 1.5 билиони рубли. Најголемите инвестиции се однесуваат на локалната инфраструктура. Само 200 милијарди рубли (6.7 милијарди американски долари) се потрошени на изградбата на олимписките стадиони.

Руските граѓани и странците кои привремено престојуваат во Русија ќе можат да купат билети на официјалната Интернет страница: tickets.sochi2014.com, додека странците што не живеат во Русија ќе мораат да ги купат своите билети од нивниот национален олимписки комитет или преку авторизирани дистрибутери. Се очекува дека 70% од билетите ќе им бидат продадени на Русите, а 30% на жителите на другите земји. 

Цените на билетите за Олимпијадата во Сочи ќе бидат нешто пониски од оние за летните Олимписки игри во Лондон, каде цените на билетите се движеа од 20 до 2.012 фунти (31-3.167 американски долари). Сепак, билетите ќе бидат поскапи од минатите зимски Олимписки игри, кои се одржуваа во Ванкувер. Најскапите билети во Ванкувер за отворањето на Олимпијадата чинеа 1.100 американски долари. За Сочи најскапиот билет ќе чини 1.700 американски долари. 

Најевтиниот билет за отворањето и за затворањето на Олимпијадата ќе чини 4.500 рубли (150 американски долари), додека билетите за некои спортски настани ќе чинат и 500 рубли (17 американски долари). Средната цена на билетите ќе биде 6.400 рубли (213 американски долари), а најскапи ќе бидат билетите за омилените руски зимски спортови – хокеј на мраз и уметничко лизгање. 

Единствен начин за плаќање на билетите е со платежната картичка Виза. Ограничувања ќе има на целата олимписка територија: банкоматите ќе примаат само Виза платежни картички.. „Виза ќе инсталира околу 1.500 терминали кои ќе прифаќаат Виза картички во олимписките простории и 16 банкомати, вклучувајќи го и крајбрежјето и планините“ – изјави претставник на Виза.

Инфраструктура

 

Со цел да ја подобри регионалната инфраструктура за Олимписките игри во Сочи, беа изградени 201 километар железничка пруга, 22 тунели, четири термоелектрани е една термоцентрала, три објекта за отпадни води и 689 километри цевковод.

Со цел да се спречи препродавање и фалсификат, ќе биде воведен специјален пасош со кој ќе може да се влезе во олимписките објекти. Пасошот ќе може да се добие преку Интернет откако ќе се купи билет. Кандидатите за олимписки пасош ќе бидат проверени од страна на федералните органи одговорни за безбедноста за време на Олимпијадата. Доколку посетителот не добие пасош, парите за билетот ќе му бидат вратени. 

Организаторите на Олимписките игри во Сочи се решени да бидат безмилосни со скалпингот. Законот што беше донесен на 15 јануари предвидува казни за нарушување на правилата за продажба на билети. И купувањето и продажбата ќе бидат сметани за нелегални. „Билет купен на нелегален сајт може да биде поништен; организацискиот комитет не презема никаква обврска доколку гледачот пропушти некој настан поради ваква причина“, - се вели во официјалното соопштени од организацискиот комитет.

 

Текстот претставува скратена варијанта на оригиналниот текст од Комерсант Дењги.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња