Зенит може да го земе Фасио

Извор: JOSEP LAGO / AFP.

Извор: JOSEP LAGO / AFP.

Фудбалскиот клуб Зенит од Санкт Петербург набргу може да ги зајакне своите сили со аргентинскиот одбранбен играч Федерико Фасио. Според пишувањата на шпанските медиуми, шампионите на Русија постигнале принципиелен договор за преминување со раководството на Севилја, чии бои сега ги брани Аргентинецот со италијанско потекло.

На почетокот се појави информација дека Зенит е подготвен да плати за трансферот на фудбалерот осум милиони евра. Сепак, според информациите на авторитетното издание АЅ, сумата на зделката може да биде и пониска и да изнесува нешто помалку од шест милиони евра. Притоа, условите во личниот договор на фудбалерот можат да бидат значително подобри од оној што го има потпишано во моментов. Се очекува зделката да се случи следниве денови.

Агентот на одбранбениот играл изјави дека неговиот клиент има добиено само една понуда, и тоа од германскиот Хофенхајм. Но, сепак призна дека „има клубови кои се заинтересирани за трансфер на Фасио“. По сè изгледа Зенит е меѓу тие клубови.

Интересно е што во пресрет на настанот Фасио одби да ги коментира гласовите за можното преминување во Русија. „Сега не мислам на тоа, зашто во целост сум сконцентриран само на играта со Гранада и ништо не треба да ми го одзема вниманието“, - им рече Фасио на шпанските новинари. Претходно агентот на одбранбениот играл Алваро Торес изјави дека неговиот клиент има добиено само една понуда, и тоа од германскиот Хофенхајм. Но, сепак призна дека „има клубови кои се заинтересирани за трансфер на Фасио“. По сè изгледа Зенит е меѓу тие клубови. Според информациите на некои списанија, уште на почетокот на јануари спортскиот директор на Зенит Дитмар Бајерсдорфер го „пикирал“ фудбалерот, кога бил на натпреварот Севилја – Осасуна од шампионатот на Шпанија. Освен тоа, интерес за одбранбениот играч, според неофицијални информации, покажал и московски Спартак.

Особина на Фасио е неговата височина – 195 сантиметри и добрата игра со глава. Но, периодично му недостасува брзина и издржливост – само во оваа сезона Федерико двапати беше отстранет од теренот.

Федерико Фасио е 25-годишен централен одбранбен играч. Во составот на екипата на Аргентина го има освоено младинскиот светски шампионат во 2007 и Олимписките игри во Пекинг. Во јуни 2011 тој дебитираше за националниот состав. Во системот на Севилја е од 2007 година и за тоа време успеа да одигра повеќе од сто натпревари за првата постава. Оваа сезона постојано излегува на теренот во основниот состав, успеа да постигне три гола на шампионатот и еден во првенството на Аргентина. Особина на Фасио е неговата височина – 195 сантиметри и добрата игра со глава. Но, периодично му недостасува брзина и издржливост – само во оваа сезона Федерико двапати беше отстранет од теренот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.