ФИФА е задоволна

Стадионите за светскиот фудбалски шампионат 2018 ќе бидат изградени навреме. Фото: Владимир Аносов / Росијскаја газета.

Стадионите за светскиот фудбалски шампионат 2018 ќе бидат изградени навреме. Фото: Владимир Аносов / Росијскаја газета.

По претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Јозеф Блатер, напорите на Русија за подготовката на светскиот шампионат во 2018 година високо ги оцени и генералниот секретар на организацијата Жером Валке.

Според господинот Валке, тој не гледа причина за загриженост во врска со изградбата на стадионите, на кои треба да се играат натпреварите од светскиот фудбалски шампионат, чиј домаќин во 2018 ќе биде Русија. 

„Ја разгледавме тековната состојба со изградбата на стадионите во вашата земја. Сега засега сите градежни работи одат според планот. Ние сфаќаме дека ова е долг процес“, - ја пренесува изјавата на Валке новинската агенција „Р-Спорт“.

Да не се градат големи арени кои можат да примат 85 до 90 илјади лица, и предност да им се даде на арените со 40 до 45 илјади места за седење.

Генералниот секретар на ФИФА исто така даде позитивна оценка за договорените проекти во врска со новите стадиони: 

- Уверен сум во правилниот приод на организаторите на светскиот шампионат во 2018 година кон проектирањето нови стадиони, кој се состои во тоа да не се градат големи арени кои можат да примат 85 до 90 илјади лица, и предност да им се даде на арените со 40 до 45 илјади места за седење.

Да потсетиме дека светскиот фудбалски шампионат во 2018 година ќе се одржи во 11 руски градови. Натпреварите од светското првенство ќе се одржуваат во Москва (на стадионите „Лужники“ и „Спартак“), Санкт Петербург, Самара, Саранск, Ростов на Дон, Сочи, Казањ, Калининград, Волгоград, Нижни Новгород и Екатеринбург. 

Една од арените на кои треба да се играат натпревари од светскиот шампионат е стадионот на Крестовскиот остров во Санкт Петербург, кој започнаа да го градат за фудбалскиот клуб „Зенит“ во 2007 година.

Владата на РФ засилено ќе ја контролира изградбата на арените, меѓу кои и на стадионот во Санкт Петербург.

По пријавувањето за светскиот шампионат 2018, по почетокот на изградбата проектот беше испратен на доработка, за стадионот во целост да одговара на барањата на ФИФА за безбедност и за бројот на седишта. Во моментов градежните работи на објектот, според оценките на експертите, се завршени нешто повеќе од 34%, а приближната сума за неговата изградба е 44 милијарди рубли.

Според министерот за спорт на Руската Федерација Виталиј Мутко, владата на РФ засилено ќе ја контролира изградбата на арените, меѓу кои и на стадионот во Санкт Петербург, со посредство на организацијата „Арена“, која не е поврзана ниту со изведувачот, ниту, пак, со нарачателот, а е формирана и се финансира од страна на организацискиот комитет „Русија-2018“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња