Делегација на комитетот на Меѓународните Детски игри ги провери спортските објекти во Уфа, Фото: Сергеј Словохотов.
Делегација на комитетот на Меѓународните Детски игри (МДИ) ги провери сите четири спортски објекти во Уфа, каде ќе се одвиваат натпреварите, укажа на мали недостатоци, но во целост беше задоволна.
На почетокот гостите поминаа во инспекција на скијачкиот комплекс „Олимпик Парк“, каде ги пречека симболот на годинешниве игри мечето Батир. Откако ги прегледаа патеките подготвени за сноубординг и за скијање, тие отидоа во новата зграда на детската спортска школа.
- Школата е практично готова, треба само да се заврши монтажата на лифтот и да се направи завршната документација, која ќе биде готова до 15 февруари, - изјави директорот на скијачката детска спортска школа Валериј Матвеев.
Комуникацијата меѓу децата е мошне важен фактор.
Претседателот на комитетот на МДИ Торстен Раш прецизно прашуваше за сите нијанси. На пример, него го интересираше како се распоредени соблекувалните. Најпрво беше планирано да бидат распоредени според јазичниот признак за да им биде позгодно за учесниците, а во секоја соблекувална да дежура волонтер-преведувач. Но, Торстен Риш и генералниот секретар на комитетот на МДИ Ричард Смит дадоа предлог да се направи „микс“, забележувајќи дека комуникацијата меѓу децата е мошне важен фактор.
Неколкупати доаѓам во Уфа во рамките на подготовките за Меѓународните детски игри. Овој пат сме задоволни од сѐ, иако имаме ситни забелешки, но уверен сум дека до почетокот на игрите во Уфа сѐ ќе биде поправено
Исто така тие се интересираа како ќе биде решен проблемот со јазичната бариера, односно дали насекаде ќе има таблички и на англиски јазик, како и други организациски моменти. Во скијачката школа ветија да ги земат предвид предлозите на гостите.
Потоа членовите на делегацијата помина во инспекција на Спортскиот и рековалесцентен комплекс „Бијатлон“, Дворецот на спортот „Уфа-Арена“, од кои исто така беа задоволни.
- Неколкупати доаѓам во Уфа во рамките на подготовките за Меѓународните детски игри. Овој пат сме задоволни од сѐ, иако имаме ситни забелешки, но уверен сум дека до почетокот на игрите во Уфа сѐ ќе биде поправено, - додаде Ричард Смит.
Во моментов подготвеноста на уфимските спортски објекти за спроведување на Меѓународните детски зимски игри е 90 отсто.
Министерот за младинска политика и спорт на Република Башкортостан Андреј Ивањута рече дека така и ќе биде.
- Во моментов подготвеноста на уфимските спортски објекти за спроведување на Меѓународните детски зимски игри е 90 отсто. Сѐ ќе биде завршено до крајот на јануари. Треба да се забележи дека поголемиот дел од градежните работи и од подготовките за игрите беше направен за сметка на инвеститорите, - забележа Андреј Ивањута.
Како што објаснуваат од Министерството за младинска политика и спорт на Република Башкортостан, претставниците на Комитетот на МДИ ќе престојуваат во Уфа уште неколку дена, а за тоа време ќе учествуваат на неколку состаноци на Дирекцијата на шестите Зимски меѓународни детски игри 2013 година во Уфа. Ова е нивна последна посета на Уфа наспроти игрите, што треба да започнат на 26 февруари.
На шестите Зимски Меѓународни детски игри 2013 година во Уфа учество ќе земат млади спортисти од 20 земји од светот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче