„Имаше и широки санки чии прапорции даваа пријатен звук, а ги влечеа полетни тројки украсени со ленти; и обични градски санки, и грди, груби и тешки санки; и ловечки санки што ги влечеа силни, одвај зауздани расни касачи. Во широките селски санки сјаеја жените на локалните благородници – светски лавици што се скрасиле во провинција; а во ловечките санки со касачи јуреа млади лавови од големите градови. Од време на време по некоја тројка ќе ја напуштеше колоната и ќе јурнеше по средината на улицата, дигајќи цели облаци снежен прав; а по неа ќе забрзаа и ќе се претекнеа неколку ловечки санки. Сѐ се ореше од смеа и врисоци. Лицата на младите жени, румени од студенилото, вознемирено се вртеа и во исто време нетрпеливо го забрзуваа кочијашот“, вака Михаил Салтиков-Шчедрин го има опишано возењето со санки во една руска губернија.
Минијатура од ракописа „Житието на Зосим и Саватиј“, 17. век.
Public domainСанката не е руски изум. Седлата на два лизгачи се користеле во многу општества и култури, вклучувајќи ги и оние што немаат никаква врска со снегот, како што се Древниот Египет и Месопотамија.
Погребна санка од пирамидата на Сенусрет I
Музеј на уметноста Метрополитен во ЊујоркВ стара Русија санката била најпопуларното превозно средство, не само назима, туку и налето. Тогаш сѐ уште не постоеле патни служби за превоз на патници, па по калливите патишта често било полесно да се вози на санка. Како што истакнува Михаил Василев, истражувач на историјата на санките, во текот на археолошките ископувања во Новгород пронајдени се неколку стотина делови и детали од санки, и само неколку делови од запрежни коли.
Од дамнешни времиња санките се сметале за „почесен“, статусен транспорт зашто патувањето со санка било многу помирно одошто со кочија на тркала, којашто по калливите патишта се тресела и скокала час на едната, час на другата страна. Англискиот патешественик Ентони Џенкинс во 16 век напишал: „Ако некој Русин има пари, тој никогап не оди на пат пеш, туку назима патува со санка, а налето јава коњ“. Од оваа белешка се гледа дека во 16 век сѐ уште не биле толку распространети кочиите со тркала за благородништвото да ги користи налето за превоз.
Тргнувањето на царот Иван Васиљевич на поклоничко патување.
Николај СверчковВо северните делови на Русија луѓето речиси цела година се возеле на санка, зашто имало многу мочуришта и тешкопроодни патишта. Во средниот појас и во јужните региони налето сепак се користеле запрежни коли. Болните и слабите, меѓутоа, насекаде се носени со санки. Черниговскиот кнез Свјатослав Всеволодович допатувал со санка во 1149 година во Киев со болна нога, иако патувал налето.
Санките биле и традиционално средство за превоз на епископите. Според писателот Михаил Пиљаев, кој пишувал за секојдневието, уште во 19 век епископите на служба патувале со санка. Кочиите и колимагите (кабести кочии без механизам за вртење и осовина) епископите користеле само кога оделе на дворот. На пример, митрополитот Питриум во 17 век и назима и налесто се возел со санка што ја влечел еден коњ.
Сите стари руски санките имале сличен дизајн. Лизгачите биле изработени од цврсто дрво – даб, брест, јавор или бреза. Тоа бил и најскапиот дел на санката . Од предната страна лизгачите биле свиткани како скии, а по целата должина имале жлебови во кои се поставувале 4-12 масивни вертикални штици од лавор, бор или од смрека.
Вертикалните штици на лизгачите меѓусебно се поврзувале со јаки дебели пратови (од сремза или врба) кои лесно се виткаат. Озгора, над вертикалните штици, се ставале дебели греди над секој лизгач, кои понекогаш се поврзувале со попречни штици. Преку сето тоа се ставал корпусот (трупот) на санката. Уздите со кои се запрегнува коњот се прицврстувале на првиот пар вертикални штици.
На почетокот и товарните и патничките санки биле конструирани на сличен начин, но во 15-16 век, со развојот на Руската држава, на големо се развила и поштенската служба, а и многу повеќе луѓе започнале на санки да минуваат големи далечини и да превезуваат различна стока. Тогаш се појавиле нови делови на санките, но и целосно нов вид на ова превозно средство.
Санка со патничко место
Музеј-резерват КоломенскоеНа санките специјално дизајнирани за превоз на патници се појавил штит или визир за високиот ѕид на предната страна на санката. Тој ги штител патниците од нечистотиите што летале од коњските копита. Овој штит често бил тапациран со ткаенина или бил насликан. И неговата надворешна страна исто така била украсена. Статусот на санката и нејзиниот сопственик можеле да се препознаат по богатата ткаенина за тапацир, по сликите и резбата. За кочијашот којшто управувал со патничката санка се појавило седиште, односно предна клупа, така што тој бил одвоен од патниците.
На патниците во ваквите санки им било мошне удобно. Во санките се наоѓала топла покривка која се ставала преку колената и нозете, и ги штитела патниците од студ. Кај богатите сопственици како покривка служела мечкина кожа, а се нарекувала „медведина“. Доколку санката одела на далечен пат, патниците од ветар биле заштитени со дебела кожа која се прицврстувала од страните на санката. Најскапите санки за патување се нарекувале „градски“ или „излезни“(„городовые“ или „выходные“), и во нив се возеле велможите, болјарите и царевите. Ваквите санки назима и налето биле неопходен дел од свадбениот обред.
Санки „дровни“, 19. век
Музеј-резерват КоломенскоеКако што кажува и самото име, оваа санка била потребна за превоз на дрва и друг товар. Таа немала штит, предна клупа и „каросерија“ за патниците. Имала само лизгачи со вертикални штици и греди врз кои се ставал товарот.
Зимската кочија на санка („возок“) на Еелизавета Петровна
Музеј на московскиот КремљОваа санка била покриена со асура од липова кора, која била прицврстена за лаковите на бочните страни на конструкцијата. Тоа што биле затворени е главната разлика од останатите санки. Биле потребни за превоз на скапоцености и биле неопходни во секојдневниот живот на благородниците и царевите. „Птичјите санки“ служеле за превоз на царските соколи, на скапи птици што се користеле во лов, и имале кафез од сите страни прекриен со сукно. Во „резервната санка“ се транспортирала царската одежда, во „постелна“ – постелнина, во „крстовите“ – царските лични икони и црковни предмети.
Царска затворена санка
Августин Мајерберг„Возок“ била целосно затворена санка со покрив и врата, во која било топло. А во 18-19 век во нив се поставувале дури и печки или мангал со јаглен. Ваквата санка изгледала како кочија на скии.
Санка „пошевни“
Верхотурски музеј-резерватИмето го добила по опшивката од липова кора. Ова била наједноставната домашна санка за секојдневни потреби: одење на пазар, во град и слично. Меѓутоа, имало и поскапи како оние на кои летале „светските лавици“ кај Салтиков-Шчедрин.
Така се нарекувала санка која од страните се ширела кон задниот дел и имала на себе обод од долги стапови што ја правело поширока. Незгодно било кога на тесен пат ќе се сретнат со иста таква санка, зашто предните страни биле тесни, а со задната, поширока страна неизбежно се судирале и се удирале со ободите.
Во ваквите санки можеле да се возат многу луѓе, а можело да се превезува и голем товар. Архиѓаконот Павел Алепски кој во средината на 17 век престојувал во Русија, напишал: „Се случуваше да сретнеме санка во која седеа шест лица со сите свои работи... Товар како жито или камења што се товареше на ваквите санки беше застрашувачки и неверојатен. Бевме вџашени кога видовме како еден коњ го влече она што во нашите земји не можат да го повлечат ни дваесет коњи“.
„Испраќање на покојникот“
Василиј ПеровДури и по пронаоѓањето запрежна кола Русите продолжиле своите покојници да ги превезуваат на гробишта со санка. Тоа била реликвија на древната, претхристијанска традиција, според која на покојникот му бил потребен превоз за „премин на оној свет“, а го симболизирала санката.
Во погребната санка често се впрегнувале волови или коњи кои дотогаш не биле запрегнувани во амови, зашто се сметало дека животните коишто се запрегнуваат го знаат својот домаќин и патот до дома, па можеле да му помогнат на покојникот да се врати дома. Во дамнешни времиња, кога кремацијата била распространета кај Словените, погребната санка се палела заедно со покојникот. Но, тоа најчесто било својствено за благородништвото. Руските селани, секако, не можеле да си дозволат палење на толку вредни нешта. Санката била потребна во домаќинството. Поради тоа по погребот се враќале во дворот, се поставувале во насока на гробиштата, наопаку, односно лизгачите да бидат свртени нагора. Се верувало дека покојникот, доколку сака да се врати на овој свет, ќе се предомисли кога ќе види дека неговата санка е „расипана“. Така санката стоела 40 дена, а потоа повторно се користела во домаќинството.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче