На 14 јули 1945 година на Потсдамската конференција претседателот Хари Труман му соопштил на Јосиф Сталин дека во САД направиле „супероружје, какво што досега немало“. Советскиот лидер реагирал воздржано. Труман и британскиот премиер Винстон Черчил се изненадиле од таквата реакција: мислеле дека Сталин не знае за што станува збор. Но, тој веќе сѐ знаел: 12 дена по склопувањето на нуклеарната бомба во САД, нејзиниот опис веќе бил во Москва,
Советскиот Сојуз исто така водел свои истражувања на ова поле, но Втората светска војна го принудило раководството на земјата да ги промени приоритетите. Сепак, по разговорот со Труман, Сталин дал налог да се забрза процесот на создавање советско нуклеарно оружје. Советите паритетот го повратија на 29 август 1949 година. На чело на нуклеарниот проект беше Игор Курчатов.
Каков бил овој генијален научник и „татко“ на советската нуклеарна бомба?
Во 1932 година Курчатов бил меѓу првите во СССР којшто се посветил на проучувањата во физиката на нуклеарното јадро. Веќе пет години подоцна колективот во којшто работел Курчатов го направил првиот циклотрон во Европа.
Уредот е направен во ленинградскиот Радиев институт. Во 1945 година на овој уред е добиен првиот советски препарат на плутониум во импулсно количество – клучен елемент на атомската бомба.
Научникот во 1941 година се занимавал со истражувања со цел демагнетизирање борбени бродови. Системот што го создале Курчатов и неговиот колега Анатолиј Александров е поставен на повеќе стотина бродови. Тој обезбедил заштита на Црноморската флота од германските магнетни мини.
За ова достигнување во 1942 година Курчатов ја добил Сталиновата награда, во тоа време највисоко признание во земјата. Истата година физичарот се нашол на чело на воената лабораторија за создавање материјал за заштита на авиони и тенкови.
1949
ВНИИЭФЕден и пол месец по почетокот на проектот „Менхетн“, на 28 септември 1942 година, во СССР започнале истражувањата со ураниум, а во февруари 1943 година работата на изработката на атомска бомба. На чело на лабораторијата број 2 (идниот институт Курчатов), основана специјално за оваа задача се нашол Курчатов.
За креирање на бомбата било потребно да се воспостави производство на нуклеарно гориво – ураниум и плутониум. На Урал во најкус рок се изградени два завода. Курчатов лично ја надгледувал работата на комбинатот бр. 817 во Озерск (Идниот „Мајак“), каде што во 1948 година започнал со работа првиот индустриски нуклеарен реактор во Европа. До 1949 година тука е произведено доволно количество плутониум за тестирање на првата советска атомска бомба РДС-1. Тестирањето е извршено на 29 август 1949 година на Семиплатинскиот полигон во Казашката ССР.
Паралелно со РСД-1 тимот на Курчатов работел на бомбата РДС-1 која била двојно полесна и помоќна. Тестирана е во 1951 година. Десет години подоцна под негово раководство направена е термонуклеарната (водонична) авиобомба А602 којашто го добила името „Цар-бомба“. Тоа била најмоќната експлозивна направа во историјата на човештвото: 20 пати помоќна од атомската бомба.
Освен правењето оружје за масовно уништување научниците се занимавале со истражување на нуклеарната енергија за мирни цели. Резултатот од нивната работа бил отворање на првата нуклеарна електрана на светот во 1954 година во Калушката област.
Уште една заслуга на Курчатов е настанувањето на првата нуклеарна подморница во СССР (и трета на светот). Се викала К-3 „Ленински комсомол“. Курчатов и неговите колеги во 1952 година го убедиле Сталин за подморница да се употреби нуклеарен погон. Таа е направена во 1955 година, а три години подоцна е предадена на пробно користење на Воената морнарица. А, во 1959 година во СССР е направен првиот нуклеарен мразокршач на светот – „Ленин“. Со проектот раководел колегата на Курчатов Анатолиј Александров.
Курчатов не бил само исклучителен научник, туку и харизматичен лидер со одлична смисла за хумор.
Според сеќавањето на очевидци, во 1942 година Курчатов го добил прекарот „Брада“. Имено, изјавил дека нема да се бричи сѐ „дури не ја направи првата руска атомска бомба“, но и по нејзиното создавање продолжил да носи брада.
Во 1960 година Анатолиј Александров се пошегувал со него така што во една свечена пригода му донел огромен нож за бричење, голем леѓен и паста за бричење. Курчатов решил да му се одмазди. Организирал на еден свечен ручек домаќинот на Александров да му врачи свиток со натпис „На академик Александров. Да се употреби без одлагање!“ во кој се наоѓала перика. Александров, кој инаку ја бричел главата, морал да се потчини и цела вечер ја минал со периката.
А, во една пригода по еден научен состанок којшто многу се оддолжил Курчатов го замолил припадникот на обезбедувањето да набави затки од шампањско и да им ги стави во џебовите на колегите. „Жените нека се запрашаат со што се занимаваат нивните сопрузи ноќе“, рекол тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче