На самото „дно“ на светот, на Антарктикот, руските поларни истражувачи отворија нов комплекс за зимување на локацијата на станицата „Восток“, соопшти Институтот за истражување на Арктикот и Антарктикот.
Условите за живот таму се најекстремни. Пет месеци поларна ноќ, ниска содржина на кислород, оддалеченост од морето (околу 1500 км) и речиси цела година минусни температури. Самата станица е основана во 1957 година, а во 1983 година таму беше забележана најниската температура на нашата планета - минус 89,2°С!
Новиот комплекс ќе користи најсовремена опрема од руско производство. Се состои од пет модули: два станбени, два инженерски, каде што се чува потребната опрема, како и еден со гаража и работилница. Зиме оваа станица ќе прима до 15 лица, а во другите годишни времиња до 35 лица.
„Восток“ е една од петте постојани руски бази на Антарктикот (има неколку сезонски научни бази). Таа не е само најмодерната, туку и најјужната; исто така е и највисока, се наоѓа на 3500 метри надморска височина.
Веднаш под станицата се наоѓа субглацијалното езеро Восток, од кое на 10 јануари 2013 година беше добиено првото јадро на свежо замрзнат езерски мраз. Токму ова езеро продолжуваат да го проучуваат поларните истражувачи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче