Над 150 илјади луѓе и 14 илјади машини беа потребни за расчистување на снегот во јануари, се наведува во соопштението на комуналните служби на Москва. Речиси секојдневно од снегот се чистеа тротоарите, патиштата и покривите на куќите. Но, каде оди целиот тој снег кога ќе се расчисти од улиците?
Москва
Вячеслав Прокофьев/TASSКласичниот метод за отстранување на снегот е да се однесе на полигон надвор од градот, каде што се собира и постепено се топи кога ќе се стопли времето. Ваквите места намерно се избираат далеку од градот за да не им прават проблеми на граѓаните. Недостатокот на овој метод е тоа што е неопходно камионите да го возат снегот низ целиот град, што го оптоварува сообраќајот. Покрај тоа, тоа е скапо поради употребата на специјална техника и ангажирањето на возачи. Затоа за поефикасно чистење во најголемите градови во земјата како Москва, Петербург и Казан, се користи техника за топење на снег.
Москва
Алексей Никольский/SputnikВо суштина, тоа се големи уреди кои прво го филтрираат донесениот снег од нечистотии и отпадоци, а потоа го прелеваат со топла вода и го истураат во канализацијата. Целиот процес е многу ефикасен. За 3-4 минути уредите можат да стопат и до десет тони снег.
Пунктовите за топење на снег заштедуваат време и ги намалуваат трошоците за чистење снег, но се многу скапи: 1-5 милиони рубли (11-15 илјади евра). Цената зависи од брзината на станицата и количината на снег што може да ја прими одеднаш. Во Москва на територијата на градот работат 49 уреди, а во Санкт Петербург 18.
Покрај тоа, снегот има својство да ги апсорбира штетните материи од атмосферата. На пример, нечистотиите од автомобилски издувни гасови. Во процесот на топење тој ги загадува почвата и водата со тешки метали, па дури и со нафтени деривати. А пунктовите за топење на снегот, опремени со комплетен циклус на прочистување, овозможуваат да се избегнат овие негативни ефекти, што секако е благотворно за екологијата на градот.
Санкт Петербург
Александр Гальперин/Sputnik„Денес вкупната количина на исчистен снег поминува низ комплетен циклус на прочистување и се испушта како чиста вода во Финскиот залив“, објаснува Владислав Пономарјов, раководител на прес-службата на претпријатието „Водоканал на Санкт Петербург“. Оваа институција е одговорна за функционирањето на овие пунктови.
Москва
Антон Денисов/SputnikВо текот на последните неколку години во Санкт Петербург и во Москва се комбинираат и двата методи на чистење снег: покрај техниката за топење снег, се прават и мали полигони. Кога има невреме таму се носи снегот од околните реони со цел што поскоро да се расчистат улиците без да се губи време за транспорт.
Црвениот плоштад, Москва
Виталий Белоусов/SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче