Во декември 2023 година во фабриката АВТОВАЗ во Ижевск ќе биде склопена првата пробна серија на електрични автомобили Lada Largus. Како што изјави претседателот на компанијата Максим Соколов, планирано е сериското производство на електричниот „Ларгус“ да започне во 2024 година.
Првиот човек на компанијата изрази увереност дека новиот модел ќе биде баран кај купувачите во Русија, но не го соопшти планираниот обем на производство.
„Обемот на производство зависи од побарувачката, која, од друга страна, зависи од поддршката која купувачите ќе ја добијат од руските власти. Овој автомобил во најголем дел е произведен од домашни компоненти, така што очекуваме оваа поддршка да биде значајна“, истакна Соколов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче