Новиот систем на заштита, создаден од научниците од Институтот за физика на цврсти тела на Руската академија на науките, претставува голем продор на полето на науката, надминувајќи ги сите постоечки системи од овој тип во светот.
На аеродром апаратот може да се наоѓа зад ѕид покрај кој поминуваат голем број луѓе, при што никој од нив не претпоставува дека е „скениран“. А на екранот на мониторот се гледа сè. Овој тип на проверка радикално го менува целиот принцип на контрола.
Едно е кога човек е подготвен да биде контролиран и презема разни мерки за да не бидат откриени забранетите предмети, а сосема друго е кога е убеден дека никој не го контролира.
„Системот се состои од два блока“ - објаснува раководителот на проектот, академик Игор Кукушкин. „Првиот го скенира лицето со помош на терахерцно зрачење и ги детектира сите објекти со висок степен на детали, додека вториот блок - Раман спектрометријата - ја детектира самата супстанција од која е направен објектот“.
Во моментов, првите модели на слични уреди веќе функционираат во неколку земји во светот. Но, самиот принцип на проверка во суштина останува непроменет.
„Во текот на проверката човек мора да стои неподвижен, во спротивно не може да се формира целосна слика. Едноставно кажано, нема доволно фотони за тоа, бидејќи изворите на терахерцното зрачење се прилично слаби“, вели Игор Кукушкин.
Руските научници го решија овој клучен проблем. Сега веќе не е потребно човекот да мирува. Се проверува во движење. Ако на екранот се појави оружје, појас на бомбаш-самоубиец или нешто слично, опасноста е откриена. А ако на екранот се појави нешто сомнително - прав, необјасниви ситни камења и друго, тогаш на сцена стапува друга технологија која веднаш може да утврди дали се работи за наркотик, експлозив, отров, токсин, брилијант, фианит или обичен кварц. И понатаму според списокот.
„Оваа анализа ја врши Рамановиот спектрограф“, објаснува Кукушкин. „Тоа е добро познат уред со широка примена. Тоа се големи стационарни уреди, а ние направивме мал апарат, кој е евтин и пренослив. И има уште една суштинска карактеристика. Вообичаено, до приемникот на спектрографот стигнува многу слаб сигнал, кој тешко се одвојува од позадината, па затоа инструментот „лови“ само прилично високи концентрации на сомнителни супстанции. Успеавме да го засилиме сигналот милијарда пати, што овозможува да се откријат минимални дози на најразлични материи, вклучително и наркотици“.
Обично ваквите апарати се многу скапи. Станува збор за тоа дека во нив се користи галиум арсенид, чија матрица чини 70 илјади долари. Но, научниците и тука најдоа решение. Скапиот материјал го заменија со силициум, што ја намалило цената за речиси 15 пати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче