Научник од Русијa е меѓу тие што ја добија Нобеловата награда за хемија

Jonathan NACKSTRAND /AFP
Алексеј Екимов и неговите американски колеги Мунги Бавенди и Луис Брус се лауреати на оваа престижнa научна награда. Шведската кралска академија на науки ги награди за „откривање и синтеза на квантни точки“.

Минијатурните димензии на овие наночестички ги одредуваат нивните својства. На пример, тие се во состојба долго и силно да емитираат светлина добиена од ЛЕД светилки. Квантните точки можат да се применуваат во медицината и во иднината ќе можат да ги наведуваат хирурзите за време на операции на малигни тумори.

Освен тоа, квантните точки потенцијално можат да помогнат при створање на еластична електроника, минијатурни сензори, пофини соларни батерии и шифрирани квантни врски.

Уште во осумдесеттите години на минатиот век Алексеј Иванович Eкимов приметил дека големината на честичките има значење и дека од неа дури зависат силината и бојата на светлината при квантни ефекти. Научникот е роден 1945-та година во СССР и го завршил Физичкиот факултет на Ленинградскиот универзитет. 1974-тата година станал кандидат на  физичко-математички науки, а 1989-тата година докторирал. Обете негови дисертации биле посветени на својствата на полупроводниците.

Од 1999-тата година живее и работи во САД, а порано бил главен научен соработник на компанијата Nanocrystals Technology Inc. во Њујорк.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња