Астрономските опсерватории на Казанскиот федерален универзитет на тој начин станаа 32-от по ред објект од Русија на Светското наследство на УНЕСКО (и истовремено 21-от културен објект).
Казанскиот универзитет е еден од најстарите во Русија и има две астрономски опсерватории. Едната се наоѓа во центарот на Казан, а другата во предградијата. Во двете опсерватории е зачувана уникатна опрема за набљудување.
Првата опсерваторија сместена во дворот на универзитетот е основана во 1811 година од австрискиот научник Јозеф Литров. Како професор на универзитетската катедра за астрономија, тој беше и нејзин прв шеф. Во 1838 година била доградена полукружна зграда со три кули и таму била поставена опрема за набљудување.
Меѓутоа, со текот на времето се покажа дека во центарот на градот, поради силното осветлување, не може да се набљудуваат ѕвездите како што треба. На крајот на деведесеттите години на деветнаесеттиот век угледниот руски астроном Василиј Енгелхарт на Универзитетот во Казан му донираше уникатна опрема од неговата опсерваторија во Дрезден.
А императорот издвои средства кои овозможиле изградба на уште една опсерваторија. Овој пат надвор од градот. Астрономската опсерваторија именувана по Енгелхарт ја започна својата работа во 1901 година, а во 2013 година ѝ беше додаден планетариум.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче