Руски програмери научија паметен телефон да чита од усни

Булкин Сергеј/Global Look Press
Научниците од Санктпетербуршкиот Федерален истражувачки центар на Руската академија на науките направија мобилна апликација која на бучни места го чита говорот на корисникот од усни.

„Истражувачите научија да го препознаваат човечкиот говор од усни користејќи алгоритми за вештачка интелигенција и компјутерски вид“, соопшти прес-службата на Центарот.

Според експертите, програмата ќе може да се користи при силни вибрации или бучава. Тоа, меѓу другото, ќе ја олесни работата на прометни места, како и на пилотите и возачите на тешки товарни возила, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на Министерството за образование и наука на РФ.

Во развојот на апликацијата руските експерти го користеа методот на двојно собирање податоци по аналогија со човечката перцепција. Апликацијата ги собира и звучниот сегмент на говорот и движењата на усните.

Како што истакнуваат истражувачите, креираната невронска мрежа ќе може автоматски да одлучува кои податоци при препознавањето даваат максимална точност.

Во текот на тестирањето на апликацијата спроведено меѓу возачите на бучни тешки возила на една од логистичките компании во Русија, точноста на препознавање достигна повеќе од 90%.

Апликацијата може да се инсталира на кој било паметен телефон со камера. Инаку, ова е првата вештачка интелигенција од ваков тип што го разбира рускиот јазик. Сепак, сè уште не е познато кога апликацијата ќе биде достапна за бесплатно користење.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња