Во 2023 година светскиот патник од Русија Фјодор Коњухов за прв пат во историјата ќе го преплови Тихиот Океан во иновативен катамаран, се наведува во соопштението на прес-службата на компанијата „ЈУМАТЕКС“ (дел од „Росатом“).
За време на патувањетп Фјодор Коњухов ќе води видеодневник и ќе врши еколошки мониторинг на океанот, секојдневно утврдувајќи го присуството или отсуството на пластичен отпад во морската вода, се наведува на неговиот официјален сајт. Се истакнува дека проектот за катамаран NOVA претставува пробна фаза на многу поголем потфат - патување околу светот за 80 дена со користење на сончева енергија без посета на пристаниште.
NOVA е пловило со мали димензии со два трупа од океанска класа. Катамаранот е долг 11 метри и широк 7 метри. Развива брзина од 5-7 јазли. Погонот на овој уникатен брод е целосно електричен и не ги загадува океанот и атмосферата. Катамаранот го придвижуваат два електромотори со максимална моќност од 3 киловати.
Бродот е опремен со соларни модули со површина од 66 квадратни метри. Затоа од пресудно значење се неговата тежина, брзина и маневрирање. За да се постигнат неопходните показатели, потребна е конструкција врз основа на композитни материјали: јаглеродни влакна кои се користат во производството на трупот, палубата и другите делови на катамаранот.
Фјодор Коњухов е познат руски светски патник, кој има неколку Гинисови рекорди. Сам ја обиколи Земјината топка пет пати (вклучително и во балон), 17 пати го премина Атлантскиот Океан, еднаш во чамец со весла. Сам стигна и до Северниот и Јужниот Пол.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче