Во Русија почна продажбата на новиот „Москвич“: достапни бензинска и електрична варијанта

Агенција зa градски вести „Москва“
Првите електрични „Москвичи“ почнаа да пристигнуваат кај дистрибутерите. Менаџерите на еден салон во главниот град потврди дека во понудата имаат возила со бела и црвена боја, додека најниската цена изнесува 3 милиони и 500 илјади рубли (преку 47.000 евра).

„Москвич 3“ според надворешниот изглед е копија на бензинскиот „Москвич 3“, со тоа што електричниот автомобил е потежок за 360 килограми (1.800 килограми наспроти 1.440), а моќноста на електромоторот SY Power TZ200XSIEM1 е 68 коњски сили. Батеријата Sinoev 21011S4C4 со капацитет од 55 киловати овозможува да поминете до 410 километри без полнење. Возилото е со погон на предните тркала.

Претходно во 11 московски салони за автомобили се појави бензински урбан кросовер со механички менувач „Москвич 3“. 

Во однос на големината автомобилот може да се спореди со моделите Haval Jolion или Kia Seltos, пишуваат руските портали за автомобилизам. Моделот е долг 4.410 милиметри, широк 1.800 милиметри и висок 1.660 милиметри, со меѓуоскино растојание од 2.620 милиметри.

Производството на кросоверот „Москвич“ започна на 23 ноември. Оваа година фабриката „Москвич“ планира да произведе најмалку 50 илјади возила, вклучувајќи 10 илјади на електричен погон. Интересно е што еден од репрезентативните салони на марката „Москвич“ ќе се наоѓа на местото на затворениот салон за автомобили на францускиот бренд Renault. На локацијата веќе се сместени руски автомобили.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња