„Во одреден момент сфатив дека треба да се удри цена која мене лично ми е превисока, и на тоа да додадам уште дваесет илјади. Треба да ја цените вашата работа. Полесно е да најдеш нарачател за ситни пари, но потоа ќе те третираат како вреќа со компири“, изјави пред неколку години Степан Христофоров, кој во светот на уметноста е познат под псевдонимот Brickspacer.
@brickspacer Boston dynamics, работаем #люблино#люблиномосква#🗡💫♬ Circassian adyge remix - Tik Toker
Тогаш имаше 21 година и навистина знаеше за што зборува, бидејќи денес ги продава своите дигитални (крипто) слики за илјадници долари, прави графика за познати уметници како Аријана Гранде и Jeembo, и прави компилации на музички спотови за компаниите „Пума“ и „Пепси“. Неговите дела беа изложени во токиската медиска галерија „Нео Шибуја“, а во 2021 година „Форбс“ го номинираше за еден од „30-те најперспективни Руси помлади од 30 години“.
@brickspacer Они не выглядят как милые игрушки #octopus#reversibleoctopus#art#111хата♬ оригинальный звук - Brickspacer
Меѓу најновите дела на Степан е и рекламата за „Алфа-Банк“, една од најголемите банки во Русија, каде играчка во облик на мече (сопственост на дизајнерот) во анимиран 3Д дисплеј со џиновска кредитна картичка го крши LED екранот на медиумската фасада на облакодерот Москва-Сити и одлетува на неа како на воздушна даска за сурфање, правејќи „слалом“ меѓу кулите.
@brickspacer }~{0П0Й на велике, душой на гелике💫🗡 #fyp♬ оригинальный звук - Brickspacer
Brickspacer најпрво стана популарен на социјалните мрежи, каде што ги покажуваше своите дела. Слободно може да се каже дека целосно самостојно, без ничија помош го „проби својот пат“.
@brickspacer Who will make the best meme with this video will get an NFT + invite / кто сделает лучший мем с этим видео получит от меня NFT + Invite
♬ оригинальный звук - Brickspacer
„Никогаш не сум одел во уметничко училиште, и инаку не ја признавам целата таа приказна, бидејќи таму седат старци кои не се разбираат од ништо “ - вака Христофоров се изјаснува за академското уметничко образование. Тој навистина никаде не учел да го прави тоа што го прави.
@brickspacer 1 в мире русский поезд для бурения тоннелей созданный в 1955 году #atomicheart @atomicheartofficial ♬ оригинальный звук - Brickspacer
Од 12-годишна возраст Степан самостојно пронаоѓал компјутерски графички материјали на интернет и одработувал едноставни нарачки. „Почнав да заработувам правејќи насловни фотографии за канал на YouTube на блогер кој го коментираше „Лего“, и тоа беше одвратно, без никаква смисла. Но, се плаќаше. Добивав 2000 рубли за насловна фотографија, а во тоа време бев ученик и за мене тоа беа многу големи пари“, раскажува тој.
@brickspacer How did u spend your summer?☀️🌨 #vfx#111хата#edit#Sad♬ Six Forty Seven - Instupendo
На крајот на десетто одделение се вработил во студио за подвижна графика на позицијата јуниор. Вели дека на сопствениците не им било важно што има само 15 години, бидејќи во него виделе потенцијал.
@brickspacer ☣️🌊Океан по акции? Следующее видео - разбор создания этого арта #камчатка#savetheworld#vfx#океан#111хата♬ оригинальный звук - Brickspacer
Стекнувајќи знаење и вештина во таа област, со текот на времето сфатил дека треба некако и самиот да се искаже.
Почнал да прави вирални видеа за социјалните мрежи. Најпрвин правел анимација на секој кадар, тестирал различни формати и на крајот неговиот вирален клип имал 16000 прегледи. За само еден месец на каналот на Степан се пријавиле 100 илјади следбеници. Тоа беше видео-клипот со китови кои летаат над Москва.
@brickspacer Что ты видишь в небесах? #saveouroceans#whale#savetheworld#кит#vfx#111хата♬ оригинальный звук - Brickspacer
„Тоа беше крајот на светот. Сфатив дека ми тргна и после тој клип се концентрирав на графиката“, вели Brickspacer.
@brickspacer Сделали коллаб с #Метро, к сожалению вагонов не дали, взяли шо было #вметро#vfx#кастом#корабль♬ оригинальный звук - Brickspacer
По китовите се појавија проекти кои носеа пари. Клиенти беа „Гаспром“, големи италијански брендови за облека, популарната поп-рејв група Little Big, раперот Фејс и други.
Кога се појави NFT и целата таа приказна со крипто-уметноста, Brickspacer беше првиот во Русија и Заедницата на независни држави кој ги монетизираше своите работи на специјални платформи.
Едно такво дело настана по твитот на тогашниот раководител на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин за роверот Perseverance. Работата The first thing Americans saw on Mars (Првото нешто што Американците го видоа на Марс) со ликот на Рогозин е купено на пазарната платформа Foundation за 6600 долари.
А неговите китови над Москва под називот Stop Killing Us (Престани да нè убиваш) една година по создавањето беа продадени на друга NFT платформа за 9300 долари.
И комерцијалните проекти на Степан направени во соработка со крупни брендови добиваат популарност. На пример, интерактивните картички со „типично руски мотиви“ за компанијата Yota со девет дигитални NFT слики.
Нивните главни ликови се волци кои чекаат во редици за некои други редици, се одмараат на клупи пред панелни згради, пијат чај во купе на типичен руски воз и приредуваат гозби.
Имињата на неговите дела зборуваат сами за себе: „Мајски празници“, „Дупка на патот“, „Панелна зграда“. Серијата пародии на животот во Русија год оби називот „КриптоРусија“.
Brickspacer вели дека она што го објавува на социјалните мрежи го смислува за неколку секунди, а својот талент го објаснува со тоа што „едноставно визуелно се изнагледал“ различни содржини. Христофоров го создаде Телеграмс-каналот NFT Bastards со цел да им помогне на луѓето со сличен талент и сега тоа е најголемиот канал на тема NFT на руски јазик (37000 следбеници). А основаше и агенција за помош на уметниците, изведувачите и брендовите кои се заинтересирани за NTF и не сакаат да ги повторуваат туѓите грешки.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче