„АвтоВАЗ“ најави два нови модели на автомобили Lada

Министерство за индустрија и трговија на РФ/Twitter.com/Global Look Press
Управниот одбор на компанијата „АвтоВАЗ“ донесе одлука за воведување нови модели на автомобили Lada во производството.

Автомобилскиот концерн планира да исфрли кросовер на платформата на моделот Lada Vesta, како и посебна категорија автомобили од Б-сегментот на глобалната платформа. Ова го изјави Денис Мантуров, министер за индустрија и трговија на РФ, кој е истовремено и претседател на Управниот одбор на оваа компанија. Покрај тоа, производителот има намера во основниот комплет да ги врати вообичаените опции како што се воздушно перниче и клима-уред.

„Управниот одбор едногласно го одобри лансирањето на два нови проекти на модели Lada кои треба да се појават на фабричките ленти во 2024-2025 година“, изјави Мантуров.

Од Министерството за индустрија и трговија на РФ најавуваат дека, дури и да не бидат укинати санкциите, нема да има проблем со делови, како и дека „АвтоВАЗ“ планира во втората половина на 2022 година да исфрли на пазарот 140000 нови автомобили. Следната година нивниот број ќе биде зголемен на 500000.

Според Денис Мантуров, компанијата почнала да ги враќа вообичаените опции во основниот комплет. Lada Granta повторно добива воздушно перниче, клима и мултимедијален систем. „АвтоВАЗ“ е свесен за одговорноста што ја има кога е во прашање потребата да ѝ обезбеди на Русија модерни автомобили по пристапна цена и затоа компанијата вложува максимални напори во насока на зголемување на производството и развој на брендот, додаде тој.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња