XVI Серуска индустриска и уметничка изложба во Нижни Новгород. Централен изложбен павилјон
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruНиженовгородскиот саем беше еден од најважните трговски јазли во Руската империја. Тука доаѓаа трговци од целата земја и огромни каравани од Европа и Азија. Сето тоа изгледаше како посебен град во град. Изложбениот простор беше голем и се наоѓаше на устието на Ока во Волга.
Главниот изложбен објект.
Максим ДмитриевКон крајот на 1890-тите, популарноста на саемот почна благо да опаѓа и затоа со декрет од самиот државен врв беше наложено да се организира крупна манифестација која би привлекла нови инвестиции. Така, Ниженовгородското сајмиште 1896 година беше организирана 16-та Серуска индустриска и уметничка изложба.
Изложбените павилјони.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruСпоред размерот тоа беше најголемата изложба во историјата на Руската империја. Беше лично финансирана од императорот Николај II, кој две години порано стапи на тронот.
Царскиот павилјон и дел од градината (територија на изложбата).
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruИзложбата траеше од крајот на мај до октомври 1896 година. На површина од 84 хектари беа направени преку сто згради и павилјони, меѓу другото рударско, военопоморско, мануфактурно одделение, павилјон за градинарство, овоштарство и цвеќарство, уметничко одделение, павилјон за домашно занаетчиство, алкохолни пијалоци... Тоа е само почеток на списокот.
Серуска изложба во Нижни Новгород. Павилјонот за градинарство, овоштарство и цвеќарство.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruГенералниот архитектонски план на изложбата го осмисли Александар Померанцев. Тој проектираше и неколку зданија, меѓу другите, Императорскиот павилјон во вид на резбан дрвен трем.
Императорскиот павилјон во руски стил.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruСпецијално за изложбата на територијата на саемот беше пуштен во промет и трамвај и тоа беше еден од првите трамваи во целата империја.
Изложбениот простор е пресечен со кружен електричен пат (околу 3,7 км) по кој се движеше трамвај.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruЕдно од главните откритија на изложбата беа челичните мрежести конструкции на инженерот Владимир Шухов, кои за прв пат беа прикажани на јавноста, како и „Шуховската кула“, првата хиперболоидна градба во светот.
Првата на светот хиперболоидна конструкција на В. Г. Шухов на Серуската изложба во Нижни Новгород, фотографија од 1896 година.
Андреј КарелинПокрај тоа, Шухов, исто така прв во светот, претстави и челични мрежести сводови, т.е. Шуховска ротонда. Таа беше направена како посебен павилјон.
Првата на светот челична мембранска покривна конструкција. Шуховска ротонда, Серуска изложба 1896, Нижни Новгород.
Андреј КарелинСопствени павилјони имаа и многу приватни компании, како што е познатата компанија на браќата Елисееви, која поседуваше парабродови. Тие учествуваа во основањето на првата акционерска комерцијална банка во Русија, а подоцна отворија луксузни брендирани продавници во Москва и Санкт Петербург (последнава сè уште работи).
Павилјонот на трговците Елисееви.
Максим Дмитриев/Архив на аудио-визуелна документација на Нижегородската област/russiainphoto.ruИ здружението на нафташи на браќата Нобел имаше свој павилјон, сличен на канскиот дворец во Баку. Да, тоа се токму оние Нобели кои имаа успешен бизнис во Баку (тогаш тоа беше дел од Руската империја, а денес е Азербејџан) и магацини во многу градови по должината на Волга.
Павилјонот на задружението на браќата Нобел.
Archive photoНа саемот имаше и посебно Средноазиско одделение, во спомен на фактот дека Ниженовгородскиот саем отсекогаш беше најважниот трговски јазол за земјите од Истокот. На сајмиштето беа спроведени струја и вода, а беше изградена е и фонтана.
Средноазискиот павилјон и фонтаната.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruВо машинскиот павилјон беа изложени неверојатни технички иновации.
Влезот во главната зграда на машинскиот павилјон.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruВнатрешноста на Машинскиот павилјон.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruНајвпечатливиот настан на изложбата беше претставувањето на првиот руски сериски автомобил кој заеднички го направија фабриката „Јаковлев“ и фабриката „Фрезе“.
Првиот руски автомобил, „Јаковлев-Фрезе”.
Максим ДмитриевСе разбира, изложбата ја посети императорот со семејството. Тие три дена ги разгледуваа павилјоните. За нив беа организирани разни забави, на пример, пуштање балон.
Царот Николај II со семејството на изложбата во Воздухопловниот парк.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruГенерално, изложбата имаше многу опширна културно-забавна програма. Свиреше музика, работеа театар и циркус.
Циркусот на браќата Никитин.
Максим Дмитриев/Архив на аудио-визуелна документација на Нижегородската област/russiainphoto.ruСпецијално за изложбата беше поставена операта на Михаил Глинка „Живот за царот“, во која пееше познатиот Фјодор Шалјапин.
Уметничкото одделение на саемот.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruУлогата на „продуцент“ на уметничкиот павилјон ја презеде Сава Мамонтов, крупен претприемач, љубител и покровител на уметноста. Тој покани многу сликари на изложбата. Михаил Врубељ специјално за изложбата го наслика огромното пано „Принцезата на соништата“ (што предизвика скандал во јавноста).
Во уметничкиот павилјон.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruСпоред најскромните пресметки, изложбата ја посетиле околу еден милион луѓе, а за да се видат сите павилјони било потребно најмалку една недела.
Одделението за алкохолни пијалоци на П. А. Смирнов.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruПечатницата „Шерер, Набгољц и Ко“ по изложбата издаде цел албум со фотографии на Максим Дмитриев.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче