Мотосурф е даска од јаглеродни влакна која има мотор со внатрешно согорување со запремнина од 100 cm3. Се движи со помош на воден топ и четвртбранов резонатор кој врши функција на издувен систем. Даската не тежи повеќе од 20 кг, а оригиналната конструкција овозможува брзо да се залетува, да прави скокови и нагли свртувања со минимална загуба на брзината.
Мотосурфот го конструираа стручњаците на челјабинската радиоелектронска фабрика „Полет“ која му припаѓа на холдингот „Роселектроника“.
„Светскиот пазар на спортски даски за сурфање со мотор денес е во фаза на интензивен раст и секоја година се зголемува за најмалку 10%. Притоа на светскиот пазар се застапени главно четири компании - од Чешка, Велика Британија, Кина и Кореја. Нашите инженери направија производ кој според основните технички карактеристики не заостанува зад странските модели, а според цената на набавката и одржувањето има предност во однос на конкуренцијата. Мотосурфот е направен од материјали и делови од руско производство. Во моментов се работи на електрична верзија на моторизираниот сурф“, изјави Сергеј Сахенко, генерален директор на Обединетата корпорација за производство на уреди (менаџерска компанија на холдингот „Роселектроника“).
Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2022“ се одржува од 15 до 21 август 2022 година во Конгресно-изложбениот центар „Патриот“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче