Focke-Wulf 190 D-9: Хитлеровскиот ловец кој служеше во советската Балтичка флота

airwar.ru
Focke-Wulf 190 спаѓаше меѓу ловците-бомбардери на Третиот Рајх кои беа произведени во голем број. По завршувањето на воените дејствија, се покажа дека СССР запленил неколку од тие авиони и реши да ги вклучи во својот арсенал.

Авионот Focke-Wulf Fw 190 беше дизајниран од Курт Тенк кон крајот на 1930-ти. Овој едносед со радијален мотор беше последниот сериски германски клипен ловец кој учествуваше во борбените дејствија за време на војната. Беа произведени повеќе од 20000 примероци од тој модел. Се покажа дека леталото може да се користи за различни цели - како ловец кој воспоставува доминација во воздухот, како ловец-бомбардер, јуришен авион и ловец-пресретнувач. Се користеше, иако помалку успешно, и како ноќен ловец.

FW-190 верзија Д.

По завршувањето на Втората светска војна некои запленети FW 190D-9 беа префрлени заради обука во Школата за воздушно војување во градот Љуберци. Русите веќе ја имаа тестирано „стодевеестката“. Според податоците на рускиот специјализиран сајт Airpages.ru, на 13 јануари 1943 година, за време на борба против советските пилоти, германскиот заставник Хелмут Брант од I./JG 54 поради дефект на синхронизаторот ги оштетил со рафал сопствените лопатки на пропелерот и не можел да се врати дома. Тој принудно го приземјил авионот на замрзнатото езеро Ладога и се обидел да побегне на скии, но бил запрен од советските патроли. По тестирањето во Научноистражувачкиот институт на Военото воздухопловство авионот бил испратен на изложба во Бирото за нова техника на Централниот аеро-хидродинамички институт (ЦАГИ).

Според сајтот AlternateHistory.com, на 25 октомври 1944 година германскиот пилот Петерсон принудно слетал кај Ровно на западот на Украина со речиси нов ловец FW 190A-8 (сериски број 682011) кој бил произведен во септември истата година.

FW 190A-8. Овој авион беше запленет од Американците. 1945.

Советскиот пилот Николај Г. Голодников, како што тврди сајтот „Филибуста“, по тестирањето дошол до заклучок дека FW 190 е полош од германскиот ловец „Месершмит“ Bf 109, кој исто така беше во широка употреба.

Како што соопштува рускиот сајт Арсенал–Инфо.рф, пилотот М. А. Крилов, кој работел во Школата за воздушно војување во градот Љуберци во близина на Москва, летал со FW 190 склопен од последните модели на германскиот ловец. Тој истакна дека Focke на свртување и во вертикален лет маневрира послабо од советските авиони од ист ранг, на пример Ла-5ФН, Ла-7, Јак-3 и Јак-9, но дека има добри карактеристики кога станува збор за пикирање. Според леснотијата на управување FW 190 го потсетувал на Ил-10, со тоа што „германецот“ бил значително побрз од советскиот модел.

Неколку примероци на FW 190D-9 беа вклучени во арсеналот на советската Балтичка флота.

Камуфлажата не била значително променета од онаа што ја користеше Луфтвафе, така што овие модели можеа да останат во советскиот арсенал до 1949 година, иако други извори тврдат дека авионот бил повлечен од употреба дури во 1958 година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња