Хеликоптерот „ЕГ“ имаше конструкција од заварени челични цевки со опшивка од дуралуминиум од предниот дел на трупот до задниот дел на моторниот отсек. Задниот дел на трупот беше обложен со ткаенина и го држеше дводелниот опашест дел, како и аеродинамичната опашка. Пилотот и патникот седеа еден до друг под стаклениот покрив, а од двете страни имаше врати кои личеа на врати од автомобил.
Како што може да се прочита на сајтот Airwar.ru, моторот М-11ФР беше сместен зад менувачот, кој беше придвижуван со кратко вратило. Редукторот го држеше пилон со два коаксијални ротори кои ротираа во спротивна насока. На земја хеликоптерот стоеше на фиксна опрема за слетување со три тркала поставена на конструкција направена од челични цевки.
За време на тестирањето на летањето беа забележани вибрации при низок лет при брзина поголема од 20-30 км/ч. Во обид да се намалат вибрациите, беше отстранет опашестиот дел со опашестите површини.
На почетокот на 1948 година наместо М-11ФР беше вграден мотор М-12 со 19 КС (140 kW), но се покажа дека е проблематичен, така што на крајот од тестирањето на 8 јули повторно беше вграден М-11ФР.
Со тестирање беа добиени следните карактеристики на летање: максимална брзина - 150 км/ч, максимална брзина на искачување со номинална сила - 3,1 м/с, динамичен плафон на летот со номинална сила - 2700 м, максимална брзина на вертикално искачување 1,1 м/с, статичен плафон на летот - 250 м и долет - 235 км.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче