Советот на министри на СССР на 12 декември 1947 година донесе посебна одлука „За правење на хеликоптери за Вооружените сили на СССР“. Работата им беше доверена на конструкторските колективи на А. С. Јаковлев, И. П. Братухин и М. Л. Мил.
Како што објаснува специјализираната веб-страница Airwar.ru, конструкторското биро на Иван Павлович Братухин имаше задача да направи хеликоптер за комуникација меѓу штабовите на воените формации и единици, како и за евакуација на ранетите од првата линија на фронтот. Беше планирано неговото државно тестирање да се изврши во август 1948 година. Покрај тоа, леталото требаше да се користи и за транспорт на помали партии товар.
12 [25] февраля 1903 года родился Иван Павлович Братухин- конструктор вертолетов («Омега»). Профессор, доктор технических наук, Заслуженный деятель науки и техники РСФСР. Лауреат Сталинской премии. pic.twitter.com/nmOvgi8q7B
— В этот день (@dav2307) February 24, 2018
Трупот на хеликоптерот Б-11 беше од метална полумонокок конструкција од дуралуминиум и имаше две врати од левата страна. Вратата на кабината имаше пречник од 1200x600 мм, а вратата на товарниот отсек 1190x1300 мм. На вратата од патничката кабина имаше отвор во случај на опасност. Трупот имаше шест прозорци од 500x300 мм, по три на секоја страна.
25 февраля 1903 года родился Иван Павлович Братухин – главный конструктор первых советских серийных вертолетов. pic.twitter.com/RaeER0HkCc
— Константин Федотов (@KVFedotov) February 25, 2018
Предниот дел на трупот беше направен во вид на рамка застаклена со плексиглас околу пилотската кабина. Кабината имаше две седишта: лево беше пилотот, а десно навигаторот. Во десниот дел на пилотската кабина имаше монтажен отвор 1040x800 мм за евакуација. Зад пилотските седишта, одвоени со преграда, се наоѓаше патничкиот простор со две удобни меки седишта.
Зад просторот за патници се наоѓаше санитарниот отсек, наменет за монтирање на носилки за ранети, како и место за болничарка и специјална медицинска опрема. Ентериерот имаше одредени елементи на комфор: топлинска и звучна изолација, вентилација, ѕидни украси од ореово дрво, боја на слонова коска, ролетни на прозорците, теписи итн.
Б-11 личеше на претходниот модел Б-5, хеликоптерот со две елиси на конструкторското биро кај кој секој ротор го движеше радијален мотор АИ-26. Секој мотор беше сместен во капсула на лост над кој се наоѓаше соодветен ротор. Хеликоптерот беше конструиран за конкурсот во 1947 година, распишан со цел да се добие хеликоптер за општа намена.
Беа направени два прототипа. Пробните летови беа изведени во јуни 1948 година и покажаа дека има проблем со откинување на лопатките на роторот при голема брзина и дека се прават претерано високи вибрации по целиот хеликоптер. Првиот прототип беше повлечен во 1948 година заради истражување, додека вториот беше искористен за ограничено тестирање со цел да се откријат причините за проблемот.
На вториот прототип на 13 декември 1948 година му се откина лопатката на десниот ротор, по што хеликоптерот се урна. Загинаа двајцата членови на екипажот. Прототипот беше преуреден и преправен со цел да се отстранат проблемите, но кога летовите продолжија во 1949 година, повторно дојде до човечки загуби. Во мај 1950 година Братухин уште еднаш го модифицираше хеликоптерот, поставувајќи нови лопатки на носечкиот ротор, но набргу потоа развојот на овој проект беше запрен а неговото конструкторско биро затворено.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче