Авионот беше конструиран во 1937 година за набљудувачки и лесни бомбардерски мисии (иако била замислена и јуришна варијанта), а беше направен од јули 1938 година до зимата истата година. Пробните летови беа изведени во 1939 година (пилот Б. Н. Кудрин).
Моделот имаше метална конструкција со панели на крилата и трупот. Крилата имаа распон од 11,38 метри и површина од 22,9 квадратни метри, составени од горни и долни панели на облогата помеѓу надолжните греди на крилата на авионот, исечени по должината на неутралната оска, носот и опашката.
Како што соопштува Airwar.ru, беше забележано дека авионот во сите летови бавно фаќа залет и бавно се крева кога ќе полета, а при брзина од 300 км/ч се создава преголем притисок на крилата. Дополнително на сето тоа, забележано е и губење на силата во трансмисијата на задниот мотор, а ни односот на брзината на вртење на коаксијалните ротори не беше баш најдобар.
Државното тестирање на авионот беше извршено во 1940 година. Беа добиени следните податоци: брзина 570 км/ч, километража со еден резервоар 700 км. Авионот не го помина тестирањето поради лошите карактеристики на полетувањето и слетувањето.
После тоа, техничките карактеристики беа подобрени и многу проблеми беа решени, но немаше никаква корист од тоа бидејќи авионот беше готов во 1941 година, непосредно пред почетокот на војната, кога истата фабрика веќе сериски го произведуваше Пе-2.
Варијантата „С“ немаше заден мотор, имаше скии што не се повлекуваа на опремата за слетување и имаше полетна маса од 4000 килограми. Во летовите беа проверени параметрите на контрола, отпорноста и механиката.
Може да се додаде дека за овој авион беше предвидени малку сиромашно вооружување - само еден митралез ШКАС на самиот крај на трупот. Подоцна, на негово место беа поставени два митралези УБТ, контролирани од далечина од пилотот-набљудувач. Оригиналниот механички управувач беше многу удобен за ракување. Авионот можеше да носи 400 килограми различни бомби. Немаше митралез во носот на трупот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче