Еве како леташе советскиот авион ХАИ-30 „Професор Неман“ (ВИДЕО)

airwar.ru
Хидроавионот ХАИ-30 беше дизајниран да извршува задачи за народното стопанство во поплавените подрачја на земјата.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
  • Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа https://mk.rbth.com/subscribe

Идејата за создавање помал хидроавион кој ќе може да оперира во северните и сибирските региони потекна од Г. Г. Хмиз и В. В. Шишков од Институтот за воздухопловна наука и техника.

Хидроавионот можеше да се користи за локално снимање од воздух, лабораториски летови или за транспортни и комуникациски цели.

Беше проектиран како слободноносечки среден авион со затворена кабина за пилотот и патниците. Облогите за крилата со површина од 14 квадратни метри и површините на опашката беа изработени од тешко ленено платно. Двата мотори беа дизајнирани од студентот В. П. Манујленко.

Моторите со по 40 коњски сили овозможуваа максимална брзина од 150 километри на час при полетна маса од 600 килограми. Брзината на полетување беше 80 километри на час, а брзината на слетување беше 75 километри на час, додека опсегот на летот беше 200 километри.

Според специјализираната веб-страница Airwar.ru, во периодот од 1977 до 1984 година овој авион извршил бројни летови. Авионот доби неколку награди и дипломи на меѓународни и на сесојузни изложби.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња