Сопствениците на автомобили им раскажаа на аналитичарите на „СберАвто“ за своите необични навики.
Така, на пример, половина од испитаниците по посетата на трговски центар ги тргаат количките од паркингот за да не ги изгребат другите автомобили, 42% се трудат да паркираат на едно исто место, а повеќе од една третина од нив (36 %) велат дека разговараат со својата кола.
Покрај тоа, 11% од возачите сакаат да фотографираат убава бројка на километража на контролната табла, исто толку од нив ги паметат бројките на околните автомобили во случај некој да им ја закачи и изгребе колата, помалку има такви кои патем ќе испијат кафе во омиленото кафуле (10%) и кои удираат по хаубата пред почетокот на возењето и на тој начин проверуваат дали под неа не се сокрила мачка или некое друго животно (3%).
Има и корисни навики:
„77% од испитаниците се придржуваат до компактното паркирање, 63% пропуштаат во возењето секој што ќе ги замоли, а 50% пропуштаат несигурни возачи. Малку помалку се оние кои го прегледуваат својот автомобил пред поаѓање (47%) и го загреваат моторот во секое годишно време (44%), зиме темелно го чистат од снег (41%), обележуваат во навигаторот место на сообраќајна незгода или работи на патот (10%) и на својата камера во автомобилот чуваат за полицијата снимки од туѓи судари (5%)“, се вели во истражувањето.
Најпопуларна штетна навика зад воланот е возењето со една рака. Тоа го прават речиси половина од возачи (49%).
„27% од нив пушат во автомобилот, 25% огорчено им дофрлаат на другите возачи или пешаци, а 23% користат гаџети зад воланот. 22% од испитаниците многу ретко го мијат својот автомобил, сметајќи дека тоа нема никаква смисла, 16% слушаат гласна музика, додека 2% фрлаат отпадоци од прозорецот на автомобилот“, заклучуваат аналитичарите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче