1 август 1971 година на југоисточниот раб на Морето на дождот. Командирот на „Аполо 15“ Дејвид Скот поставува алуминиумска скулптура на правливата површина на мал кратер до паркирано лунарно возило.
Скулптурата на космонаут во лежечка положба наречена „Паднатиот космонаут“ е единствената уметничка инсталација на Месечината. Висока е девет сантиметри, без расни или полови ознаки. Автор е белгискиот уметник Пол ван Хојдонк, а Дејвид Скот ја донесе во џебот на својот скафандер и ја постави на студената месечева површина. Покрај скулптурата тој остави и спомен плоча со имињата на осум американски и шест советски космонаути кои дадоа неизмерен придонес во освојувањето на вселената, а кои веќе не се меѓу живите.
Теодор Фримен, Чарлс Басет, Елиот Си, Гас Грисом, Роџер Чафи, Едвард Вајт, Едвард Гивенс, Клифтон Вилијамс се имињата на американските астронаути. А кој е меѓу советските?
Владимир Комаров
Василий Малышев/SputnikТоа беше првата смрт во вселената. Владимир Комаров беше капетан на вселенскиот брод „Сојуз 1“ кој полета во орбитата во април 1967 година. Го чекаше уникатната мисија на првото спојување на два брода во вселената (веднаш по него во орбитата се упати екипажот на „Сојуз 2“), но ништо не одеше според планот, уште на стартот.
Прво, не се отвори еден од соларните панели. Потоа, не помина командата за ориентација на бродот спрема Сонцето, откажа краткобрановата врска. Стана очигледно дека мисијата пропадна и дека мора да се врати назад.
Кобната грешка се случи во последната фаза од приземјувањето, се замотаа јажињата на падобранот и апаратот за спуштање на „Сојуз 1“ со брзина од околу 60 метри во секунда удри во земјата и експлодираше. Конструкторите подоцна признаа дека требало уште да се работи на „Сојуз“ и дека со него не требало да се испраќаат космонаути. Во прилог на тоа мислење оди и фактот дека ниту едно од трите пробни беспилотни лансирања не помина без проблеми.
Јуриј Гагарин
Владислав Киврин/SputnikЈуриј Гагарин беше првиот човек кој полета во вселената. Легендарниот лет што се случи на 12 април 1961 година, иако исцрпувачки и тежок (државната пропаганда долго го криеше тоа), без сомнение беше голема победа за целото човештво.
После тоа, тој повеќе не леташе во вселената. Гагарин ја вршеше функцијата на заменик-раководител на Центарот за обука на космонаути и командир на советскиот космонаутски одред. Во 1966 година беше именуван за дублер на Комаров. Познато е дека таткото на советската вселенска програма Сергеј Коваљов му го вети на Гагарин местото на главен пилот на „Сојуз 1“, меѓутоа смртта на Корољов ги промени плановите. Комаров полета со „Сојуз“ и трагично го загуби животот.
Гагарин загина две години подоцна, во 1968 година, за време на тренинг лет со авион МиГ-15УТИ. Ниту ден-денес не постои согласност околу тоа како настрадал Гагарин. Според една од верзиите за неговата смрт што ја изнесе Алексеј Леонов, до трагедијата дошло откако авионот се нашол во најнепосредна близина на млазен авион-ловец кој прелетал покрај него. Исто така, постои и мислење дека се судрил со метеоролошки балон. Откако загубиле контрила, Гагарин и пилот-инструкторот Владимир Серегин загинале.
Павел Бељаев
Лев Носов/SputnikБлагодарение на Бељаев, излегувањето на првиот човек во отворената вселена стана возможен. Во март 1965 година тој полета во орбитата заедно со копилотот Алексеј Леонов. Бељаев беше командир на бродот, додека мисијата на Леонов беше излегување во отворената вселена.
Во вселената се случија неколку вонредни ситуации. Прво се надува вселенскиот скафандер на Леонов, поради што тој не можеше да се врати некое време во вселенскиот брод. Потоа, во последната фаза од летот откажа системот за ориентација на бродот, што го спречи автоматското слетување. Бељаев мораше рачно да го насочи бродот, што никој пред него во пилотираната космонаутика го немаше направено. Благодарение на мајсторството на капетанот на бродот, никој не настрада. Екипажот успешно слета.
Бељаев не умре во вселената или за време на тренинг-лет. Почина 1970 година по хируршка интервенција и сепса и компликации од перитонитис.
Од лево кон десно: Виктор Пацаев, Владислав Волков, Георгиј Доброволски
Александр Моклецов/SputnikТри години по смртта на Владимир Комаров, во вселената полета екипаж составен од тројца космонаути - Георгиј Доброволски, Виктор Пацаев и Владисла Волков. Во јуни 1971 година тие успешно го завршија првото спојување на вселенски брод со орбиталната станица „Салут 1“ и добија команда да се вратат.
За разлика од летот на Комаров, нивната мисија се одвиваше без проблеми. Сè одеше како што треба сè до моментот кога во фазата на спуштање, на 150 километри од Земјата, ненадејно се прекина радиоврската со космонаутите. Сепак, апратот за приземјување со екипажот продолжи да се спушта според планот. Влезе во густите слоеви на атмосферата и слета во зададениот реон. Меѓутоа, на местото на настанот пристигна спасувачката екипа, во капсулата пронајдоа мртви космонаути.
Истрагата утврди дека на висина од 150 километри се отворил воздушниот вентил за регулирање на притисокот во капсулата со екипажот, кој нормално се отвора на висина од 4, а не од 150 километри. Екипажот се обидел да го реши проблемот, но по 40 минути притисокот паднал и астронаутите изгубиле свест. Нивната смрт беше една од најтрагичните во советската космонаутика, а воедно и последна. По 1971 година ниту еден советски или руски космонаут не загина во текот на летот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче