САМ-13
Слободни извориСоветскиот конструктор на авиони Александар Москаљов бил страстен љубител на радикалните решенија и со тоа можеби и си ја уништил сопствената кариера. Дипломирал на Ленинградскиот државен универзитет и се нафатил на низа проекти од кои едните биле многу пред своето време, а другите, пак, биле премногу непрактични.
Некои проекти на Москаљов се реализирани, односно според нив се направени авиони, но поголемиот дел од неговите идеи останале неостварени.
На пример, неговиот авион САМ-4 е зачуван само во вид на скица. Моделот е конструиран во 1933 и 1934 година, личел на американскиот „невидлив“ двомоторец F-117 Nighthawk и на Northrop B-2 Spirit. Меѓутоа не се знае дали Москаљов сакал да го постигне она што подоцна е остварено со „стелт“ технологиите.
САМ-4 изгледа како лист и има два вертикални стабилизатора прицврстени за врвовите на крилата. За тоа време ова можеби била премногу радикална идеја. Имено, конструкторот планирал двата мотори од 760 коњски сили да ги постави на авионските крила.
Ознаката „САМ“е почеток на рускиот збор „самолёт“ (авион). Поголемиот број авиони на Москаљов ја имале оваа ознака, независнo од тоа дали биле направени и тестирани или останале само како проект на хартија.
Моделот САМ-7 не е направен, но сепак тоа бил интересен обид да се направи перспективна воена машина. САМ-7 бил специфичен и по тоа што е замислено да може да отвора оган и во насоката на движење и во спротивната насока, зашто во конструкцијата било предвидено место на нишанџија на опашката на авионот, а исто така и место за два митралеза со калибар од 7,62 милиметри на предниот мотор.
САМ-7 бил релативно лесен – тежел само 1.000 килограми. Неговите крила во облик на стрела не биле типични за советските авиони што се правеле во текот на триесеттите години од минатиот век.
Конструкторот планирал во овој модел да вгради мотор со 850 коњски сили кој би требало да му овозможи на леталото брзина од 600 километри на час. Меѓутоа, работата на авионот САМ-7 не ни стасала до фаза на тестирање.
На почетокот на четириесеттите години од минатиот век Москаљов се обидел да проектира нов авион. Неговиот САМ-13 имал големо влијание на холандскиот Fokker D.XXIII.
Рускиот авион изгледал слично и во основа бил направен од дрво. Имал два лиценцирани мотори Renault од 220 коњски сили и добро се покажал на тестирањата. Развил брзина од 520 километри на час.
Меѓутоа, кога започнала Втората светска војна советското раководство се определило за проверени борбени авиони, а не за експериментални модели. Прототипот на авионот САМ-13 го уништиле работниците на Летно-истражувачкиот институт „Громов“ кога нацистичките единици се приближувале кон Москва.
Покрај борбените авиони Москаљов работел и на проект за хидроавион. Работата на моделот САМ-16, прототип на военопоморски извидувачки авион со краток долет започнала во 1940 година, непосредно пред војната.
Но, и овој проект на Москаљов бил замрзнат кога започнала војната. Во 1941 година авионот веќе бил практично подготвен за пробни летови, но сè прекинало и проектот никогаш не бил завршен.
САМ-23 постоел само на хартија. Ова е можеби најинтересниот изум на Александар Москаљов. Овој офанзивен авион требало да има еден мотор од 150 коњски сили, два топа со калибар од 20 милиметри, два митралези со калибар од 7.62 милиметри и четири ракети „воздух-земја“.
Но, проектот не бил специфичен благодарение на оружјето, но имал сосема необична конструкција. Тркалото на опашката било прицврстено за низа шипки кои доаѓале од носниот дел на авионот. Целата конструкција била замислена да биде подвижна. Најнеобичен бил начинот на примена на овој авион во борба,.
Овој мошне чуден систем му овозможувал на авионот да се „лизга“ над земјата и да го напаѓа непријателот од висина од само четири или пет метри. Подвижните шипки и тркалото на опашката биле конструирани на овој начин со цел да му помогнат на пилотот в препознавање нерамнини на теренот, така што тркалото на опашката на овие места ја допирало земјата.
Одвишно е да се каже дека проектот засекогаш останал на хартија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче