Главната зграда на Пулковската опсерваторија.
Komissar007 (CC BY-SA 4.0)Ова е главната руска опсерваторија. Работи од 1839 година и припаѓа на Руската академија на науките. Се наоѓа на Пулковскиот рид, 19 километри јужно од Санкт Петербург, на 75 метри надморска височина. Тоа не е првата опсерваторија отворена во Русија, но кога била изградена имала напредни инструменти за набљудување на небесните тела. Служела првенствено за развој на навигациски средства, како и за одредување на точното време.
Порано низ центарот на главната зграда минувал меридијанот кој до револуцијата во 1917 година се користел како нулта точка на географската должина (претходно секоја земја го користела својот меридијан како нулти и поради тоа на картите имало голема збрка, а сега сите земји по договор го третираат Гриничкиот меридијан како „нулти“) и тој систем на меридијани е зачуван на старите карти.
Денес, опсерваторијата го има големиот пулковски радиотелескоп, претходникот на најголемиот телескоп во светот кој се наоѓа во Долен Архиз. Покрај тоа, тука е и АЦУ-5, еден од најголемите соларни телескопи во светот.
Покрај научниот центар во близина на Санкт Петербург, опсерваторијата е надлежна и за астрономската станица во близина на Кисловодск (Ставрополски крај). Еден телескоп на Пулковската опсерваторија се наоѓа на италијанската опсерваторска станица Кампо Императоре, на 100 километри од Рим, а другиот е во опсерваторијата „Светлое“ во Ленинградската област.
За љубителите на ѕвезденото небо опсерваторијата организира тематски екскурзии во рамките на кои посетителите учат да ракуваат со различни видови телескопи.
Во близина на населбата Долен Архиз, високо во планините, се наоѓа најголемата опсерваторија во Русија, основана во 1966 година. Овде можете да го видите џиновскиот телескоп РАТАН-600. Тежи 650 тони, а дијаметарот на неговите огледала изнесува 600 метри. Тоа е единствениот таков телескоп во светот!
Местото е идеално за опсерваторија. Се смета дека токму оваа локација е најтемната и најчистата на Кавказ, така што совршено се гледа ѕвезденото небо.
Во внатрешноста на опсерваторијата во Архиз се зачувани интересни советски мозаици, на кои можете да видите ѕвезди, космонаути и опашести комети. И секако, тука вреди да се дојде и поради неверојатно фотогеничните глетки и погледот на живописната долина опкружена со планини од сите страни.
Една од најстарите астрономски опсерватории во Русија се наоѓа во центарот на Москва, во Краснопресненскиот реон (Ул. Нововаганковски Переулок, 5). Изградена е уште во 1830 година. Претходно, ова место било на периферијата на градот, а и во градот немало толку моќно осветлување, така што вечерните светилки не го попречувале проучувањето на јатата галаксии и ѕвездените маглини. Во 1920 година при опсерваторијата бил основан астрономски институт, кој подоцна станал дел од Московскиот државен универзитет. Краснопресненската опсерваторија долго време служеше како музеј (во последните неколку години е затворен), додека студентите и научниците ја користат опсерваторијата при Московскиот државен универзитет.
Овде се организираат и отворени предавања, едукативни работилници и екскурзии за сите заинтересирани. Во опсерваторијата се зачувани многу примероци техника од различни периоди.
Околу 80 километри јужно од Москва, во близина на градот Пушчино, од 1956 година постои радиоастрономска опсерваторија. Во неа се одлично сочувани одделни примероци техника уште од 1950-тите. Меѓу нив е и радиотелескопот РТ-22 со „чинија“ со дијаметар од 55 метри.
Токму во оваа опсерваторија астрономите ја открија суперкороната на Сонцето и радијалните магнетни полиња во неа.
Неколку пати годишно опсерваторијата организира „Отворен ден“ и астрономски фестивали со екскурзии на кои посетителите се запознаваат со научниот центар.
Бајкалската астрофизичка опсерваторија на периферијата на селото Листвјанка на јужниот брег на Бајкалското езеро.
Сергеј Фомин/Global Look PressСончевиот телескоп на брегот на Бајкалското Езеро е еден од десетте најголеми на светот. Бајкалската астрофизичка опсерваторија е основана во 1980 година на периферијата на населбата Листвјанка за следење на сончевата активност. Поради специфичната микроклима во овој регион, јасно се гледаат сончевите ерупции и дамки, што им овозможува на научниците да ја предвидат активноста на Сонцето.
Астрономите-аматери можат и самите да погледаат низ телескопот и да ги забележат протуберанциите. Во текот на целата година се организираат екскурзи, како дење така и ноќе.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче