6 странски автобуси популарни во СССР

Алексеj Курбатов/Sputnik
Некои од овие автобуси беа толку популарни меѓу советските работници кои секојдневно патуваа со нив што станаа симбол на таа ера.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!

1. Икарус 60 (Унгарија) 

Ова беше првиот автобус од странско производство во Советскиот Сојуз. Увозот на автобуси произведени во Унгарија требаше да го намали недостигот на автобуси во брзорастечките советски градови. Првата серија на модели „Икарус 60“ пристигна во Советскиот Сојуз во 1956 година. Автобусот беше дизајниран за 60 патници, иако имаше само 20 седишта (останатите 40 патници патуваа на работа стоејќи). Моделот имаше 6-цилиндричен 8-литарски дизел мотор од 125 коњски сили.

2. Икарус 280 (Унгарија) 

Иако „Икарус 60“ беше првиот автобус од странско производство што почна да се тркала по советските патишта, „Икарус 280“ навистина ги освои срцата и умовите на советските патници на работа. Моделот се произведуваше од 1973 година и го имаше прекарот „хармоника“ и „колбас“. Тоа беше вистински спас за растечките советски градови, бидејќи овој џиновски автобус со четири врати можеше да превезе неколку стотици луѓе одеднаш.

3. ÖAF 5DN-120 (Австрија) 

Иако унгарскиот „Икарус“ беше исклучително популарна марка на автобуси увезени во СССР, тој не беше единствениот. Друг многу популарен модел беше туристичкиот автобус ÖAF 5DN-120 од австриско производство. Овој модел беше увезен во Советскиот Сојуз кога во 1957 година во Москва се одржуваше 6 Светски фестивал на младина и студенти.

4. Chausson АР 521 (Франција) 

Понекогаш на советските улици се појавуваа и малку поегзотични модели. Chausson AR 521 од француско производство беше токму таков: егзотичен. Овој автобус имаше дизел-мотор од 145 коњски сили.

5. Bussing D2U (Западна Германија) 

Моделот Bussing D2U беше уште поегзотичен. Овој двокатен автобус, со исклучително необичен дизајн, беше нешто што советската јавност никогаш порано немаше видено, а го придвижуваше мотор од 150 коњски сили. Минуваше по „Ленински проспект“, една од главните рути во Москва што водат до аеродромот Внуково.

6. ТАМ 260 А119 (Југославија) 

Државниот комитет за странски туризам на СССР во 1989 година купи 450 автобуси произведени во Југославија. Според некои приказни, ТАМ-овите од југословенско производство беа подеднакво удобни како и легендарните унгарски „Икаруси“. Покрај тоа, моторот од 260 коњски сили беше неверојатно моќен во споредба со кој било друг автобус од странско или домашно производство што се користеа во Советскиот Сојуз.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња