7 најпопуларни странски камиони во Советскиот Сојуз

Татра-сервис / Алексей Щукин/TASS
Сигурни сме дека сте слушнале за руските камиони КАМАЗ, но и камиони од странско производство исто така возеа по патиштата во СССР.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“сме секогаш со вас!

1. Tatra 815

„Татра“ беше линија на камиони произведувани во Чехословачка од 1942 година. Овие камиони почнаа да се појавуваат на советските улици набргу по Втората светска војна, во 1948 година. Иако првиот модел, „Татра 111“, првично беше дизајниран за нацистичките вооружени сили, камионот одигра важна улога по Втората светска војна, кога се користеше во градежништвото и како помош во Европа и СССР. Камионот имаше моќен мотор и можеше да превезува од 8 до 10 тони товар.

Подоцнежните модели, како што се „Татра 128“ и „Татра 148“, беа уште попопуларни во Советскиот Сојуз. Приближно 25000 камиони „Татра 1148“ беа увезени во СССР од 1969 година. Советите веројатно ги ценеа овие камиони поради нивните одлични теренски способности.

2. Škoda-LIAZ 706 RTTN

Во 1950-тите европските инженери воведоа новина во производството на камиони: конфигурација во која кабината беше поставена на мотор. Ваквата позиција им овозможи да ги зголемат кабините, како и видното поле на возачот.

Еден таков камион, кој стана многу популарен во Советскиот Сојуз, беше Шкода-ЛИАЗ 706 РТТН, кој се произведуваше во Чехословачка од 1957 до 1985 година.

Речиси 30 години овие камиони беа испорачувани на СССР. Некои од нив се појавија на големото платно и тоа  во советските филмови како „Киднапирање, кавкаски стил“ (1967) и „Кралица на бензинската пумпа“ (1963).

 3. Praga V3S

Овие камиони, произведени во Чехословачка, се користеа во Советскиот Сојуз главно како мобилни лаборатории на места каде пристапот беше проблематичен. Имаа шестцилиндричен дизел-мотор со воздушно ладење. Забележливо кратката хауба му даваше на камионот малку чуден изглед, но неговата главна предност беа одличните способности на терен.

4. Csepel 450

Овој камион се произведуваше во Унгарија од 1957 година и се извезуваше во советска Русија и остатокот од социјалистичкиот блок. D450 беше опремен со четирицилиндричен дизел-мотор со 95 коњски сили и пневматски сопирачки и може да се каже дека е најелегантниот камион на нашата листа.

Во СССР овие камиони се користеа како мобилни работилници, тегначи и комунални возила во различни делови на земјата.

 5. Jelcz 660

Овој камион од полско производство беше увезен во Советскиот Сојуз кон крајот на 1960-тите. Првенствено се користеше како мобилна работилница. Внатре имаше многу опрема, која во различни случаи вклучуваше алатки како работна маса, рачна преса, опрема за гасно заварување, машина за острење итн.

6. IFA W 50

Источна Германија започна со производство на камионите IFA V 50 во фабриката во Лудвигсфелде во 1965 година. Моделот беше извезен во СССР во 1980-тите. Камионот можеше да превезе до пет тони товар. IFA V50 беше опремен со 6,5-литарски дизел-мотор со 125 коњски сили.

7. Multicar 25

Произведен во мала фабрика во Источна Германија, овој камион пристигна во СССР непосредно пред Олимписките игри во Москва 1980 година. Иако малиот камион можеше да повлече повеќе од два тона товар, имаше максимална брзина од само 60 км/ч.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња