„АвтоВАЗ“ првпат ја покажа обновената „Лада Веста“

Lada Vesta SW

Lada Vesta SW

Lada.ru
Во фабриката „Lada Ижевск“ од лентата се симна првата сериска рестилизирана верзија на Lada Vesta. Истовремено „АвтоВАЗ“ прикажа како обновениот автомобил изгледа однадвор.

Рестилизираната Lada Vesta се препознава по промените на предниот и задниот дел на каросеријата. Новото издание има потполно поинаква LED оптика (фарови, магленки, задни светла), предниот браник има поразвиен релјеф и интегриран штитник на браникот кој се одвојува од куќиштата на предните светла и е поделен со сребреникава лајсна, со две одвоени декоративни издувни цевки и нов капак на багажникот со два натписа во вертикалниот дел.  

Покрај тоа, дизајнот на решетката на ладилникот на обновената „Веста“ варира во зависност од верзијата на автомобилот. Во стандардните верзии ја пресекуваат две хромирани лајсни, а во Cross верзијата лажната решетка на ладилникот е со крупна мрежа. Производителот го зголеми и логотипот Lada и подготви нов дизајн на 16-инчните и 17-инчните фелни.

„АвтоВАЗ“ истовремено најави надградба на безбедносните системи на „Веста“ во вид на дополнителни сензори на двата браника во склоп на системот за безбедно паркирање и системот за контрола на „слепите“ зони во текот на движењето.

Компанијата вети дека дополнително ќе ги објави податоците за ентериерот, комплетите опрема, цената и датумот на почеток на продажбата. Првиот автомобил што се симна од лентата е Vesta SW Cross со максимален комплет опрема, обоен со новиот златест емајл „Гарфилд“.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња